Папата упати видео порака до младите Кубанци

Папата упати видео порака до младите Кубанци

Светиот Отец во саботата на 21 април 2018 година испрати видео – порака до младите од Куба велејќи им никогаш да не се плашат да го слушнат Божјиот повик.

Тој ги поттикна да се заљубат во Исус и да работат за напредок на Католичката црква во Куба. Притоа им напомена дека Божјиот повик се покажува во секојдневните ситуации. Бидете великодушни и отворете го своето срце за Господ! – истакна папата Фрањо.

Светскиот ден на млади како прилика

Упатувајќи на следниот Светски ден на млади кој ќе се одржи во 2019 година во Панама, Папата рече дека таа средба како и националната кубанска средба на млади која ќе се одржи во ноември оваа година, претставуваат прилика да продолжи да се гради кубанската Црква во денешницата и во иднината. Знајте дека не сте сами и дека градиме единствено во конкретните заедници на кои им припаѓаме – рече Светиот Отец и напомена дека локалната црковна заедница е местото каде го посветуваме секојдневниот живот и го остваруваме својот повик.

Кубанските млади се добри родољуби

Младите Кубанци ги нарече добри родољуби и ги поттикна да ја сакат својата земја. Ве повикувам секогаш да одите напред – рече Папата. Гледајте кон напред. Љубете ја својата земја. Љубете го Исуса. На крајот, папата Фрањо на младите Кубанци им порача да имаат храброст и да го свртат својот поглед кон Блажена Дева Марија. Нека Пресвета Богородица ве чува – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот