Папата: Излези од себе за да го навестиш Евангелието

Излези од себе за да го навестиш Евангелието во секој дел од светот: Папата ги охрабри апостолските нунции во текот на светата Литургија во домот Света Марта на 17 септември 2016 година по повод Јубилејот на Папската дипломатска служба и им се заблагодари за расположливоста, радоста и ентузијазмот.

Започнувајќи со параболата за сејачот (Лк 8, 4-15), папата Фрањо размислуваше како апостолските нунции ја сеат Радосната вест по цел свет. Животот на нунцијот е обележан со чести преселби, се напушта едно место откако таму ќе се научи јазикот, културата и обичаите и се тргнува кон друга земја за да се започне од почеток. Кога доаѓа во нова земја, продолжува папата Фрањо, нунцијот мора повторно да „излезе“, да излезе од себе за да ја запознае културата и начинот на размислување.

Мора да се излезе од себе, зборуваше во шега Папата и да се отиде на приеми често досадни, но и таму се сее. „Семето е секогаш добро, зрното е добро.“ Некој би можел да помисли дека тоа е само функција или административна работа која би можеле да ја работат и лаици. Но, Папата го кажува искуството на своите соработници зад привидот на површноста и во монденските прилики многу луѓе бараат свештеници. А вие сите, продолжува Светиот Отец, „добро знаете што сте направиле за многу души.“ Среде световноста треба да се биде способен да се прифатат луѓето онакви какви што се, да се ислушаат, да се разговара со нив – „за да се сфатат луѓето, да се разговара со нив… Тоа е крст,“ толкува Папата што значи да се излезе од себе во служба на нунциј.

Исус вели сеачот сее, па се одмори – а Бог прави зрното да никне и да расте. И нунцијот, потврдува Папата, „мора да излезе од себе кон Господ кој прави семето да никне и да расте, мора да излезе од себе пред Светотохранилиште во молитвата во текот на обожавањето. Тоа е големо сведоштво, повтори Папата, нунцијот се поклонува само на дарителот на животот.

Папата напоменува дека му се познати тешкотиите при влегувањето во нова култура, но наведува примери на нунции кои ги научиле и тешките страни на јазикот во исклучително краток рок.

Нунцијот мора да излезе од себе на три начини, резимира Светиот Отец – да ги спакува куферите, да живее како номад. Второто излегување се однесува на културата: мора да ја запознае културата и да го научи јазикот. Третото излегување е молитвата и обожавањето.

Ова последното е силно изразено кај пензионираните нунции, тоа сега е нивната посебна задача: „Нунциј во пензија мора да моли повеќе за браќата во светот.“ А и нунцијот во служба не смее да ја занемари димензијата на молитвата – за „Господ да направи посеаното да порасне“, предупредува Папата.

„Три излегувања и три облици на служење на Исус и на Црквата. Црквата ви се заблагодарува за тие три излегувања. И јас лично сакам да ви се заблагодарам. Често се восхитувам кога рано наутро ги примам вашите дописи… Нека Господ ви даде милост секогаш да ги живеете овие три излегувања, излегувања од себе,“ заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот