Папата за „рестварација на светлото лице на Црквата“
На 16 јуни 2016 година папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на пленеарната сесија на Конференцијата на организации за помош на Источните цркви (ROACO) – комитет кој ги собира заедно организациите кои се заземаат во помагање на источните католици.
Во Рим се сретнаа претставници од Либанон, Сирија, Ирак, Јордан, Индија, Украина, а беше присутен и о. Франческо Патон кустос во Светата Земја.
Лицето на нашите црковни заедници може да биде покриено со „наслаги“ од различните проблеми и гревови – рече Папата истакнувајќи: Сепак вашето дело секогаш треба да биде водено од сигурноста дека под материјалните и моралните наслаги, под солзите и крвта на предизвиканата војна, насилство и прогон под тој слој кој изгледа непробоен постои светло лице.
Сите вие со своите проекти и делување соработувате во таа „реставрација“ за лицето на Црквата видливо да ја одразува светлината Христова на овоплотеното Слово. Тој е наш мир и чука на вратата на нашето срце на Блискиот Исток, како и во Индија или во Украина, земји за кои посакав посебно да се собира милостиња во април во Црквите низ Европа – рече Светиот Отец.
Осврнувајќи се на размислувањето за присуството на Сиро-Малабарска и Сиро-Маланкарска Црква во Индија надвор од Керала, Папата посака да се продолжи во согласност со неговите претходници да се почитуваат правата на секој, не во духот на поделбата, туку „избирајќи заедништво во сведоштвото на едниот единствен Исус Христос.“
Тоа заедништво – рече Папата – во секој дел од светот каде што западните и источните католици живеат едни крај други е потребното духовно богатство и на западот и на истокот од кое можат да црпат младите генерации свештеници, монаси и монахињи и пасторалните работници според зборовите на свети Иван Павле: „На зборовите на западот потребни се зборовите на истокот за Божјото Слово појасно да се манифестира во своето неистражено богатство. Нашите зборови засекогаш ќе се сретнат во небесниот Ерусалим, но сакаме и молиме да имаме предвкус на таа средба во Светата Црква додека сè уште оди кон полнината на Царството“
На крајот папата Фрањо ги поттикна собраните да молат за неговата претстојна посета на Ерменија „првата меѓу земјите кои го прифатила Исусовото Евангелие.“
РВ/к.мк