Папата: Единство во Црквата и заедништво со Исус
Исусовите рани е цената која Он плати за Црквата секогаш да биде соединета со Него и со Бог. Христијаните денес се повикани да молат за милоста на единството и да бараат меѓу нив да не се влезе духот на поделба, борба и завист–истакна папата Фрањо на светата Литургија на 21 мај капелата на домот Света Марта.
Исусовата големосвештеничка молитва е Црквата да биде обединета, христијаните да бидат едно како што Исус е едно со Отецот. На ова е спротивно „големото искушение“ приклонување на таткото на лагата и поделбата – рече Светиот Отец, размислувајќи за Исусовите зборови на последната вечера кои ги дава денешното Евангелие. Утешително е – додаде Папата – да се слушне Исус како моли за своите ученици и за сите оние кои ќе поверуваат во неговото Слово.
Можеби не посветуваме доволно внимание на Неговите зборови: Исус молеше за мене! Тој е вистински извор на доверба: Он моли за мене“ – рече Папата, објаснувајќи како сликовито го замислува Исус пред Отецот во небото и моли за секој од нас: „А што гледа Отецот?“ – праша и веднаш одговори: Ги гледа Исусовите рани, високата цена која ја плати за нас. „Исус моли за мене со своите рани, со своето рането Срце“ и тоа без прекин – рече папата Фрањо.
Исус моли за единство на Црквата, но знае дека духот на светот е „дух на поделба, војни, завист, љубомора во семејствата, во монашките заедници и во бискупиите; во целата Црква. Тоа – според зборовите на папата Фрањо – е „големо искушение“; дух кој наведува на озборување, етикетирање и означување на лицата.
„Треба да бидеме едно како што Исус и Отецот се едно. Вистински предизвик за сите христијани е да се оневозможат поделби, да не се дозволи духот на поделба, таткото на лагата да влезе меѓу нас. Секогаш барајте единство. Секој од нас е таков каков што е, но треба да се настојува да се живее во единство. Исус ти прости? Простувај така и ти на сите“ – поттикна Папата и додаде: „На Црквата многу и е потребна молитва за единство.“
Не постои – се пошегува Папата – Црква која ја држи „лепило“ заедно, бидејќи единството за кое Исус моли е „Божја милост“, но и „борба“ за нас на земјата. Другиот Исусов совет на учениците: Останете во Мене“. Треба да се моли за таа милост, а самиот Господ кажува зошто: Оче сакам и оние кои си ми ги дал да бидат каде што сум јас, односно „да бидат со мене“ и „да ја гледат мојата слава“ – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.