Во пораката објавена на платформата X, папата Фрањо го споменува празник на Пресветото Тело и Крв Христови. На 2 јуни Светиот Отец ќе ја предводи Светата Литургија во Римската катедрала Свети Иван Латерански
Евхаристијата е Божји одговор на најдлабоката глад на човечкото срце, на гладта за вистински живот: во неа, самиот Христос навистина е меѓу нас за да нѐ храни, утеши и поддржува на нашиот пат – ова се зборовите на папата Фрањо кои ги напиша на празникор Пресветото Тело и Крв Христови преку неговиот профил @Pontifex, на девет јазици и со милиони следбеници.
Во неговата порака на платформата X, Папата ја велича бескрајната вредност на Евхаристијата, како директна комуникација меѓу Бога и човекот, поврзувајќи ја со поимот на глад. Во својата проповед на празникот Тело Христово во 2020 година, во базиликата Свети Петар, Светиот Отец веќе истакна дека Евхаристијата нè подигнува од нашиот удобен седечки начин на живот, нè потсетува дека не сме само усти што треба да се нахранат, туку и исто така и неговите раце со кои треба да ги храниме другите. Неопходно е итно да се грижиме за оние кои се гладни за храна и достоинство, оние кои немаат работа и се борат да преживеат – истакна тогаш Папата и додаде: И тоа на конкретен начин, исто како што е конкретен лебот кој го дава Исус.
Во 2017 година, папата Фрањо одреди празникот Тело Христово да се слави во недела за да може поголем број верници да учествуваат на славењето. Така, Светиот Отец ќе го предводи евхаристиското славење во недела на 2 јуни во 17.00 часот во Римската катедрала Свети Иван Латерански, по што ќе следи традиционалната процесија до базиликата Света Марија Велика и евхаристискиот благослов. Папата Фрањо на тој начин ја продолжува традицијата воведена од Иван Павле II, а ја продолжи Бенедикт XVI, кои учествуваа во процесиите.
Ватикан њуз/к.мк