Папата: Детето Исус нѐ потсетува дека сите сме деца Божји

На крајот на повеќедневната пастирска посета на Филипините во недела 18 јануари папата Фрањо во паркот Ризал во Манила го предводеше завршното евхаристиско славење. И покрај дождот кој неуморно паѓаше на Литургија на самиот литургиски простор и во блиските улици беа присутни повеќе од шест милиони Филипинци.

На почетокот на проповедта папата Фрањо на Детето Исус бидејќи на денешен ден во Филипините се слави Недела на Детето Исус, односно како што таму се нарекува Санто Нино.

Папата истакна дека Детето Исус ни навестува дека светлината на Божјите милости го осветли светот таму каде што владее темнина. Тоа донесе ослободување од заробеништвото ,бидејќи го навести патот на мирот, правото и праведноста. Исто така нè повикува да бидеме ширители на Христовото Царство во светот, рече Папата и додаде дека Санто Нино нè упатува на нашиот идентитет, а тоа е дека „сите сме деца Божји, членови на Божјото семејство.“

Гледајќи ги проблемите, тешкотиите и неправдите доаѓаме во искушение да се откажеме бидејќи ни изгледа дека евангелските ветувања не се остваруваат, изгледаат нереални. Христијаните со големо спротивставување на Божјот план секогаш го сметале за лага. Ѓаволот е татко на лагата и често се сокрива зад завесата на измамата и шармот на модерноста. Тој нè привлекува со погрешни разоноди и површни игри. Христијаните во бројно најголемата католичка земја на азискиот континент се повикани да ја сведочат вистината и Божјата правда и грижата за сето создадено, рече Папата.

Он нè упатува како треба да го чуваме тој идентитет, а всушност Христос Детето е заштитник на Филипините. Кога дошол на светот, неговиот живот бил загрозен од страна на корумпираниот цар. Исус требало да биде заштитен. Имал земски заштитник свети Јосиф. Имал земско семејство, светото Семејство од Назарет. Затоа Он нè упатува на важноста на заштитата на нашите семејства: нашите човечки семејства, но и оние поголемите семејства Божјото Семејство, Црквата, рече Папата и предупреди дека во денешно време семејството често мора да биде заштитено од подмолни напади и програми спротивни на вредностите и светото, она што е најубаво и благородно во нашата култура.

Како Исус кој ги љуби и прифаќа децата, продолжи Папата и ние имаме задача да ги заштитуваме, водиме и поттикнуваме нашите млади луѓе помагајќи им во изградбата на општество достојно на нивното големо духовно и културно наследство. На секое дете мораме да му искажеме добредојде, да го воспитуваме и заштитиме. Мора да се грижиме за младите, не дозволувајќи да ја изгубат надежта и да бидат осудени на живот на улица, предупреди Папата. Повторно упатувајќи на Детето Исус нагласи дека тоа кревко Дете нечесноста и корупцијата кои се наследство на гревот ги победи со силата на крстот. На крајот од проповедта ги поттикна Филипинците да работат заедно, да се штитат едни со други, почнувајќи од сопственото семејство и заедница и така да градат свет на правда, чесност и мир.

Нека Санто Нино ги благослови Филипините и да ги поддржи христијаните во ова голема нација во повикот да бидат сведоци и мисионери на радоста на Евангелието во Азија и во целиот свет рече Папата и ги повика да се сетат на него во молитвите.

По завршната молитва зборови на благодарност до Папата за посетата упатија преседателот на Бискупската конференција во Филипините Лингајен Дагупан Сократес Вилегас и архепископот на Манила кардинал Луис Антониот Тагле кој во името на сите му вети на Папата дека Филипинците ќе се молат за него.

Папата додаде дека утре заминува од Филипините, а со него заминуваат и Филипинците, но не во Рим и во домот Света Марта, туку на перифериите, во болниците, сиропиталиштата, меѓу напуштените.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот