Папата упати телеграма со сочувство до архиепископот на Тајпеј за жртвите од авионската несреќа

Превозвишени архиепископе, Светиот Отец со жалост ја прими веста за авионската несреќа која се случи во близина на аеродромот Магонг и љубезно ве моли неговитенајдлабоки изрази на сочувство да ги пренесете на семејствата на жртвите како и уверувањето дека ќе моли за сите оние кои во ова трагедија загинаа. Тој за сите нив повикува благослов на Божјата утеха, сила и мир – стои во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, а која е упатена до архиепископот на Тајпеј Џон Шан-Џуан, за авионската несреќа која се случи на 23 јули во близина на спомнатиот аеродром.

Авионот на авио компанијата Трансазија со 54 патници и четири членови на екипажот се урна на земјата за време на принудното слетување поради невремето кое го предизвика тајфунот Матмо. При тој обид 47 луѓе го загубија животот, а 11 се повредени.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот