Европските епископи: Заедничка молитва за заштита на созданието

Европските епископи: Заедничка молитва за заштита на созданието

Претседателите на Советот на епископските конференции на Европа (CCEE) и на Конференцијата на европските цркви (CEC) – кардинал Анџело Бањаско и преподобниот Кристијан Кригер упатија повик до сите да се придружат на молитвата за созданието на 1 септември.

Се обединуваме во молитвата за да го повикаме човештвото да ја почитува планетата и целото создание. Со сето срце се молиме за луѓето во светот кои страдаат заради нанесената штетата во животната средина предизвикани од човечкиот егоизам и напуштањето на планетата. Циклусот на животот не смее да биде прекинуван од човечката алчност и рамнодушноста кон човечките суштества и целото создание.“ Ова го истакнаа претседателите на Советот на епископските конференции на Европа (CCEE) и на Конференцијата на европските цркви (CEC) – кардинал Анџело Бањаско и преподобниот Кристијан Кригер со оглед на тоа што молитвата за созданието ќе биде одбележан на 1 септември.

Декларацијата, насловена „Време на созданието“, се однесува на периодот од 1 септември до 4 октомври, во текот на кој сè повеќе цркви во Европа го обединуваат својот глас за „потврдување на одговорноста за созданието и повикот на молитва“.

Идејата за одбележување на Ден на молитвата посветен на Созданието, на 1 септември започнува во 1989 година на предлог на Вселенскиот патријарх Димитриос.

Во Декларацијата двајцата водачи на Европските Цркви се обединуваат за да „побараат прошка:“ Поради неправилното искористување на природните ресурси, поврзано со уништувањето и загадувањето, ние продолжуваме да нанесуваме болни штети на Божјото создание кое Самиот Ти го определи како „многу добро“ (1 Мој 1,31) – истакнуваат Бањаско и Кригер. „Признаваме дека начинот на живот на современото општество има последици во целиот свет. Затоа треба да го запреме тој круг на индивидуализам и изолација, спомнувајќи си дека сите сме членови на едно човечко семејство и сите сме создадени според образот Божји (1 Мој 1,27). Затоа молејќи прошка ние имаме намера да ги промениме срцата и однесувањето, за да го распространиме семето на праведноста и да направиме плодовите на милосрдието да никнат и на тој начин да помогнеме да се обнови убавината на созданието.“

Благодарејќи на Бог за „чудниот дар“ на природата, водачите на двете европски организации ја упатуваат својата мисла кон „нашите браќа и сестри кои страдаат заради нашите отпадоци, алчноста и често од нашата рамнодушност“ и ја повикуваат „секоја христијанска заедница и секој верник со добра волја да ја покажат својата одговорност кон созданието, да преземат конкретни и мудри обврски, да работат како добри чувари на природата, борејќи се против нееднаквостите, преку заштитата на биолошката разновидност.“ (…)

„Сознавајќи ја големата итност на проблемот – завршуват двајцата водачи – ние ги повикуваме христијаните во Европа кои припаѓаат на различни вероисповеди, собрани во органите на CEC и CCEE и секој човек со добра волја да обрне внимание на Времето на Созданието. Ги повикуваме сите да го прославиме Времето на Созданието според нивните духовни и богослужбени традиции, во општата христијанска вера во Бог Творецот.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот