Папата ги охрабри христијаните на Блискиот Исток

Ви пишувам непосредно пред Божиќ знаејќи дека за многумина од вас мелодијата на вашите христијански химни ќе биде придружена со солзи и воздишки. И покрај тоа, раѓањето на Синот Божји во нашето човечко тело е неискажливо таинство на утеха“, стои во писмото на папата Фрањо до христијаните на Блискиот Исток. Заради делувањето на нова и вознемирувачка терористичка организација рече Папата која ги направи сите видови нехумани дела, состојбата на христијаните е посебно тешка, посебно за оние кои се протерани од своите татковини „каде што христијаните се присутни уште од времето на апостолите.“

Папата ги поттикнува да останат блиски со Господ, „сигурни дека ниедна неволја, тешкотија или прогон не може од Него да ги одвои.“ Светиот Отец понатаму ги моли да го искусат братското заедништво како првите заедници во Ерусалим. „Нека Словото Божјо, светите Тајни, молитвите и заедништвото на храната постојано ги обновуваат вашите заедници“, порача Папата.

Среде непријателствата и конфликтите, христијаните на Блискиот Исток со своите страдања „неизмерно придонесуваат“ за постигнување заедништво. „Тоа е екуменизмот на крвта кој бара крајна предана доверба во делото на Светиот Дух“, напиша Папата. Соработката со луѓето од различни религии, со евреите и муслиманите, исто така е знак на царството Божјо. „Колку што состојбата е потешка толку меѓурелигискиот дијалог е повеќе потребен. Нема друг пат“, истакна, додавајќи дека дијалогот е најдобриот противотров за верскиот фундаментализам.

„Можете да помогнете на своите сограѓани муслимани со расудување на претставата за веродостојната слика за исламот кои многумина од нив сакаат и кои повторуваат дека исламот е религија на мирот во согласност со почитувањето на човековите права кои избира (мирен) соживот за сите“, смета папата Фрањо, додавајќи дека трагичната состојба на христијаните, језидите и другите заедници „бараат сите верски водачи јасно и едногласно да ги осудат овие злосторства и недвосмислено да го осудат повикувањето на религијата како оправдание за таквите дела.“

Папата Фрањо на посебен начин изрази благодарност до епископите, свештениците, монасите и монахињите кои грижливо ги следат христијанските заедници, истакнувајќи дека е важно пастирите да бидат во средината на стадото особено во време на неволја. На младите Светиот Отец им порача: „Не плашете се и не срамувајте се што сте христијани“, додека на старите им повоторувам дека тие се „сеќавањето на народот“ кое станува семе во корист на идните генерации.

Сите ангажирани на каритативно и образовното поле се сведоци на љубовта која го поддржува општеството и допринесува за мирот за кој Блискиот Исток „гладува како за леб“ – продолжи Папата. „Истовремено продолжувам да ја поттикнувам меѓународната заедница да одговори на вашите потреби  (..) над сè промовирање на мирот во преговорите и дипломатијата, поради искоренување и запирање што е можно порано, на насилството кое предизвику многу зла.“

Во писмото Светиот Отец ја осудува трговијата со оружје, „нагласувајќи дека се потребни планови и иницијативи за мир. „Не смееме да се препуштиме на конфликтите како промената да не е можна!“ „Вашето сведоштво многу ми значи! Ви благодарам! Молам за вас и за вашите накани секој ден… Се надевам дека ќе имам можност лично да ве посетам и утешам“, стои на крајот на писмото на Папата, преку кое им го поделува и својот апостолски благослов и им го честита Божиќ.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот