Во пораката што папата Фрањо ја испрати во понеделник 28 августи 2023 година до лидерите на француските компании, собрани во Париз, а која ја прочита бискупот од Нантер, монсињор Матие Руж, ликот на економскиот лидер Папата го нарекува „протагонист на општо добро и наследник на Свети Јосиф Столарот“, величајќи ја вредноста на работата како фактор за достоинството.
Кога мислам на претприемачите, првиот збор што ми паѓа на ум е општото добро. Претприемачите се протагонисти на развојот и благосостојбата. Вие сте главниот двигател на богатството, просперитетот и јавната среќа – истакна папата Фрањо во својата порака до француските претприемачи собрани во Лонгшамп од 28 август, истакнувајќи го недоволнот на внимание за нивниот лик од страна на медиумите, кои – според Папата – малку зборуваат за тешкотиите и ги повредува претприемачите кои не по своја вина ги затвораат своите фирми и банкротираат. Во пораката, прочитана од надбискупот од Нантер, монсињор Матие Руж, Папата цитираше од Книгата Јов, која нè учи дека успехот не е директно синоним за доблест и добрина и дека несреќата, која ги снајде дури и праведните, не е синоним за вина.
Библијата е полна со економски записи
Црквата, пак, го разбира страдањето на добриот претприемач, го прифаќа, го следи и му се заблагодарува – истакнува папата Фрањо, потсетувајќи дека од самиот почеток Црквата ги пречекувала трговците во својата средина, претходниците на современите претприемачи. Во Библијата и во евангелијата – продолжи Папата – често се зборува за пари и трговија, а меѓу најубавите приказни во историјата на спасението се оние кои зборуваат за економијата: за драхми, таленти, земјопоседници, управители и скапоцени бисери. Папата го спомнува таткото на блудниот син од Евангелието според Лука, претставен како богат човек, можеби земјопоседник, како и Добариот Самарјанин „кој можеби бил трговец“. Според папата Фрањо, начинот на учество во општото добро денес е да се отворат работни места, посебно за младите. Имајте доверба во младите – повика Папата – секое новоотворено работно место е заедничко богатство кое не завршува во банките за да создава финансиски интереси, туку се инвестира за да можат нови луѓе да работат и да направат животот да биде подостоинствен.
Човекот ја облагородува работата
Работата е оправдано важна – забележува Папата – ако е вистина дека работата го облагородува човекот, уште поточно е дека човекот е тој што ја облагородува работата. Ние, а не машините, сме вистинската вредност на работата. Укажувајќи на опасностите од престанок на работа на еден претприемач, тој забележува дека потоа станува шпекулант или живее од кирија.
Познавање на своите работници
Добриот претприемач, како добриот пастир од Евангелието, за разлика од платеникот, ги познава своите работници затоа што ја знае нивната работа – се вели во пораката, Папата искажа загриженост кога претприемачот го губи контактот со работата на сопствена компанија. а со тоа и со работниците кои пак на тој начин стануваат „невидливи“ – цитирајќи го францускиот економист Пјер-Ив Гомез.
Папата Фрањо ги повикува претприемачите никогаш да не заборават како настанал нивниот повик: „Еден ден бевте воодушевени од мирисот на работилницата, радоста да ги допрете вашите производи, задоволството да видите дека вашите услуги се корисни“. И во тоа сте како Јосиф, како Исус кој дел од својот живот го помина работејќи како занаетчија; „Словото стана столар“, го знаеше мирисот на дрвото Без нови претприемачи – предупреди Папата – нашата земја нема да го издржи ударот на капитализмот. Досега сте направиле нешто, некои од вас направиле многу: но тоа не е доволно – забележува на крајот папата Фрањо, кој во ова „многу итно време“ апелира да се направи повеќе. Децата ќе ви бидат благодарни, а и јас – се вели во пораката на Папата.
Ватикан њуз/к.мк