Папата Фрањо претседава со состанокот на Кардиналскиот совет

Папата Фрањо претседава со состанокот на Кардиналскиот совет

Во Ватикан во тек е нова седница на Кардиналскиот совет, со кој претседава папата Фрањо.

Во понеделник, 5 февруари 2024 година, во Ватикан започна состанокот на Кардиналскиот совет. Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се наведува дека сите членови на Кардиналскиот совет се присутни. Кардиналскиот совет последен пат се состана на 4 и 5 декември 2023 година во Домот Света Марта во Ватикан, исто така во присуство на Папата.

Состанок во декември 2023 година

Како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, главна тема во таа прилика беше улогата на жената во црквата, а разговорот – како што се наведува во соопштението – бил збогатен со интервенциите на сестра Линда Почер, од Друштвото. на сестрите Ќерки на Марија Помошничка на христијаните, професор по христологија и мариологија на Папскиот факултет за образовни науки Аксилиум во Рим; потоа Луси Вантини, која предава фундаментална теологија, филозофија на религијата на Институтот за религиски науки во Верона, филозофска и теолошка антропологија во Сан Зено во Верона и филозофија на дијалог на Институтот за екуменски студии Сан Бернардино во Венеција; и Лука Кастиљони, свештеник на Миланската надбискупија и професор по фундаментална теологија на Богословијата во Милано.

Во декември, Кардиналскиот совет се согласи за потребата да се слуша, пред сè во поединечните христијански заедници, посебно женскиот аспект на Црквата, а беше истакната и потребата процесите на размислување и донесување одлуки да имаат корист од незаменливиот придонес на жените.

Во фокусот на таа средба беа и конфликтите во Украина и Светата Земја, работата на COP28 која тогаш беше во тек во Дубаи, но и на иницијативите за спречување на злоупотреба на малолетници и ранливи лица.

Дводневниот состанок, исто така, понуди можност да се разговара за она што произлезе од Синодата за Синодалност минатиот октомври и имплементацијата на Апостолската конституција Praedicate Evangelium во бискупските курии.

Кардиналскиот совет

На 28 септември 2013 година, папата Фрањо со хирограф го основа Кардиналскиот совет со задача да го поддржи во управувањето со Универзалната црква и реформи на Римската курија, што беше остварено со новата Апостолска конституција Praedicate Evangelium, објавена на 19 март 2022 година. Првиот состанок на Кардиналскиот совет се одржа на 1 октомври 2013 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот