Помогнете им на француските граѓани „во зајакнувањето на надежта и барањето на општото добро“ – стои во пораката на папата Фрањо до учесниците на пленарната седница на француските епископи кои овие денови се собраа во Лурд.
Пораката е испратена на 4 ноември 2016 година, а ја потпишал Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.
Папата во пораката потсетува дека Франција „и понатаму е обележана“ со тешките терористички напади, а пред земјата се и многу важни избори. Папата Фрањо бара од епископите да „отворат нови патишта така што „годините кои доаѓаат да бидат натопени со милосрдие за да можат да му пристапат на секој маж и жена донесувајќи им ја Божјата добрина и нежност!“ (Misericordiae Vultus, n. 5)“
На крајот Светиот Отец ги поттикнува епископите да имаат „храброст да отидат на перифериите каде постои потреба за Евангелието.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк