Папата до новите амбасадори: Вакцината треба да се обезбеди за сите; тоа е прашање на праведност

Папата до новите амбасадори: Вакцината треба да се обезбеди за сите; тоа е прашање на праведност

Примајќи ги акредитивните писма на новите амбасадори во Светиот Престол од Молдавија, Киргистан, Намибија, Лесото, Лумсембург, Чад и Гвинеја-Бисао, папата Фрањо се осврна на пандемијата поттикнувајќи ја меѓународната заедница да ја промовира „културата на средба“ во служба на општото добро за човечкото семејство.

Пандемијата од човештвото го извелкува она најдоброто во индивидуална смисла, но со неа на институционално и меѓувладино ниво треба да се соочи солидарно, а не изолирано – истакна папата Фрањо во говорот до новите амбасадори од Молдавија, Киргистан, Намибија, Лесото, Лумсембург, Чад и Гвинеја-Бисао, кои му ги предадоа акредитивните писма.

Исто така силен беше и апелот за вакцините, за кои пред нешто повеќе од година дена кога им се обрати на нивните колеги, на новите амбасадори, беше првиот знак на надежта. Во тоа време многумина веруваа дека нивното пристигнување го навестува брзиот крај на пандемијата. Иако од тогаш е постигнат голем напредок, година дена подоцна гледаме дека болеста Ковид-19 сѐ уште предизвикува болка и страдање, а да не говориме за загубените животи – истакна Папата и додаде: Важно е меѓународната заедница да вложи поголеми напори во соработката за сите луѓе да имаат пристап до вакцините. Не е прашање на пристојност или учтивост, туку прашање на праведност.

Освен тоа папата Фрањо ја истакна потребата за решавање на здравствената криза од глобална перспектива. Како што можев да забележам на почетокот на пандемијата, итно е потребно да учиме од тоа искуство, и да ги отвориме очите за да видиме што е најважно; да бидеме „едни со други“ – објасни Папата.

Искрено се надевам дека преку тоа искуство меѓународната заедница ќе дојде до поголема свест за фактот дека сме едно човечко семејство; секој од нас е одговорен за сопствените браќа и сестри, без исклучок. Таа вистина би требало да нѐ поттикне освен со актуелната здравствена криза да се соочиме со сите проблеми кои го мачат човештвото и нашиот заеднички дом – сиромаштвото, иселувањето, тероризмот, климатските промени, да спомнам само некои – и тоа треба да се прави на солидарен, а не на изолиран начин – рече Папата.

Пандемијата ја обележаа дела на великодушност, служење и пожртвуваност на поединци и заедници, но исто е важно да се направи повеќе на институционално ниво – рече папата Фрањо и додаде: Во таа смисла Светиот Престол ја цени важната улога која ја имате, како што покажува и самото нејзино дипломатско присуство и нејзиното вклучување во меѓународната заедница. Светот треба од пандемијата да ја научи потребата за негувањето на односите и олеснувањето на взаемното разбирање со луѓето од различни култури и потекло, за заедно да работат на изградбата на поправеден свет. Главното средство кое ви е на располагање за извршувањето на таа задача е дијалогот – истакна Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот