Папата до младите: Немојте да се задоволувате со просечност

„Немојте да се задоволувате со просечност, „животарејќи и седејќи во угодност“ – порача Папата на децата и младите во проповедта во текот на светата Литургија на 24 април за прославата на нивниот Јубилеј во Рим, која ја служеше на плоштадот Свети Петар.

„Немојте да се задоволувате со просечност, „животарејќи и седејќи во угодност“ – порача Папата на децата и младите во проповедта во текот на светата Литургија на 24 април за прославата на нивниот Јубилеј во Рим, која ја служеше на плоштадот Свети Петар. Ги повика да ја градат иднината заедно со другите и за другите, никогаш против никого, засновувајќи сè на љубовта која е „лична карта на еден христијанин.“

Радоста не е мобилна апликација

Папата истакна дека слободата не е моќ да го правиш секогаш она што ти е угодно: тоа нè прави затворени, одделени и не ни овозможува да бидеме отворени и искрени пријатели. Заради тоа треба да знаеме да разликуваме: слободен е оној кој доброто го избира, кој го бара она што му се допаѓа на Бог, дури и ако тоа е напорно. Само преку храбрите и силните избори се остваруваат најголемите сонови, оние за кои се исплаќа да се даде животот – рече Светиот Отец.

Немојте да се потпирате на она што ви го одвлекува вниманието од вистинското богатство, кои сте вие самите, зборувајќи ви дека животот е убав само ако се поседуваат многу работи; чувајте се од оние кои сакаат да верувате дека вредите само кога се правите силни како филмските херои или кога носите облека според најновата мода. Вашата радост нема цена и со неа не се тргува; таа не е апликација која се симнува на мобилниот телефон: ниту најновата верзија нема да може да ви помогне да станете слободни и големи во љубовта.

Кога ви е тешко да кажете „не“, прегрнете го Исусовиот крст

На младите на плоштадот од кои многу од нив се соочуваат со големи животни одлуки, папата Фрањо им рече дека за „радикалните избори“ потребно е „радикално предавање на оној кој знае да ги оствари тие големи сонови.“ Ако младиот човек не знае да сонува, веќе се пензионирал. Љубовта не се остварува кога за неа се зборува, туку кога се живее – нагласи Папата. Таа не е слатка поезија која треба да се научи на памет, туку животен избор кој треба да се спроведе во дело. „Кога изгледа тешко да се сака, кога е тешко да се каже „не“ на она што е погрешно. гледајте во Исусовиот крст, прегрнете го и не ја пуштајте неговата рака која ве води кон горе и ве подигнува кога ќе паднете“ – им порача Папата на младите.

Секојдневен тренинг за делата на милосрдието

Папата Фрањо ги повика младите да постапуваат како спортистите шампиони кои ги достигнуваат високите цели напорно и понизно вежбајќи секој ден. Нека вашата секојдневна програма бидат делата на милосрдието: со ентузијазам вежбајте се во нив за да станете шампиони на животот! Така ќе ве препознаат како Исусови ученици – рече Светиот Отец.

Најголемата закана која го спречува растот во доброто е кога на никој не му е грижа за тебе – рече Папата – кога чувствуваш дека си оставен на страна. Господ напротив секогаш е со тебе и среќен е што може да биде крај тебе. Љубовта – продолжи Папата – е личната карта на христијанинот, единствен важечки документ според кои се препознаваме како Исусови ученици. А се работи за конкретна љубов, не нешто од сапуниците.

Бог не сака на нозе

Кога ќе се згреши треба да се има храброст за да се стане. Во животот секогаш се паѓа затоа што сме слаби и грешници. Но, Исусовата рака нè подигнува. Тој не сака на нозе! Бог нè создаде да стоиме исправени. Станете! Бог нè сака на нозе, секогаш на нозе – рече на крајот од проповедта папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот