Папата Фрањо ги повикува младите економисти и претприемачи од целиот свет на средба под наслов „Економијата на Фрањо“ за да промовираат глобална промена на економијата преку заеднички договор.
Кординатите се: Асизи од 26 до 28 март 2020 година. Целта е: „Средба со оние кои денес се подготвуваат и започнуваат да учат и практикуваат една различна економија, оние кои даваат живот и не убиваат; вклучуваат и не исклучуваат; внесуваат човечност и не лишуваат од човечноста; се грижат за создаденото и не го пљачкат. Се работи за настан кој ќе ни помогне да бидеме заедно и да се запознаеме и да создадеме договор за менување на сегашната економија и да и дадеме душа на економијата на иднината – тоа го пишува папата Фрањо во писмото со кое ги повикува младите економисти и претприемачи од целиот свет на средба под наслов „Економијата на Фрањо.“
Местото на средбата ќе биде градот на свети Фрањо, Асизи кој свети папа Иван Павле II сакаше да го претвори како слика на културата на мирот – вели Папата и истакнува: Имено таму свети Фрањо се ослободил од секоја световна работа за да се одлучи за Бог како ѕвезда водилка на својот живот, станувајќи сиромашен со сиромашните и универзален брат. Неговиот избор на сиромаштво исто така го даде начелото за визија на економијата, кое и денес е актуелно. Тоа може да му даде надеж на нашата иднина, може да биде од корист не само на сиромашните, туку на целото човештво.
Таа економијата е неопходна за судбината на целата планета, на нашиот заеднички дом, на нашата мајка земја како што свети Фрањо ја нарекува во Песната за братот сонце – рече Светиот Отец и потсети: Христос во малата црква свети Дамјан му рекол на свети Фрањо: „Оди, Фрањо поправи го мојот дом.“ Тој дом кој треба да се поправи се однесува на сите нас. Се работи за Црквата, за општеството и за срцето на секој од нас. Сѐ повеќе се поврзува со животната средина која итно има потреба од здрава економија и одржлив развој за да ги излекува раните и да обезбеди достојна иднина.
Свети Фрањо Асишки е исклучителен пример за грижа за слабите и за интегрална екологија – вели папата Фрањо и напоменува: Мислев на посебен начин да ве повикам вас младите, затоа што со својата желба за убава и радосна иднина, вие веќе сте ветување за економијата – внимателни кон луѓето и животната средина. Способни сте со срцето да го слушате вознемирувачкиот крик на земјата и на нејзните сиромаси во потрагата за помош и одговорност односно некој кој ќе одговори, а нема да се сврти на другата страна.
Универзитетите, компаниите и организациите на млади се места на надеж кои се способни да предложат нови начини на живот за да се постигне општо братство. Зато е важна таа толку очекувана средба – вели Папата и нагласува: Заради тоа сакам да ве сретнам во Асизи заедно преку заеднички договор да промовираме процес на глобална промена кој во заедничките намери ги гледа не само оние кои го имаат дарот на верата, туку сите луѓе со добра волја без разлика на верата и националноста, обединети со идеалот за братство насочен пред сè кон сиромашните и исклучените.
На крајот од писмото Светиот Отец уште еднаш повикува на учество на таа средба, изразувајќи надеж во позитивен одговор и вклучување на најдобрите стручњаци кои веќе делуваат на светско ниво во тој процес на преобразба. Сите сме повикани да ги преиспитаме своите ментални и морални модели за да бидеме повеќе во согласност со Божјите заповеди и барањата на општото добро – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк