Папата: Децата се голем дар за општеството и Црквата

Во катехезата на Генералната аудиенција во среда Папата зборува за децатам нивната спонтаност, чистота и радост, со кои го оживуваат човечкото општество и кое се очитува според односот кон децата.

Децата се голем дар за човештвото, но се и многу исклучени, бидејќи [на многумина] не им е дозволено ниту да се родат – истакна Светиот Отец во катехезата за семејства, за време на Генералната аудиенција во среда 18 март на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за децата. Тој додаде уште еден критериум според кој може да се види состојбата на човечкото општество: како се однесува кон децата, тоа е такво во себе. Тоа не е само социолошки и морален показател, туку и показател на слободата или неслободата во односот на меѓународните интереси – рече Светиот Отец.

Како прво децата нѐ потсетуваат на фактот дека сите сме, од првите денови на животот, потполно зависни од добротворноста на другите, од што не беше поштеден и самиот Син Божји. Интересно е дека на Бог не му е тешко да ги разбере децата, а тие исто така немаат проблем да го сфатат Него. Поради тоа не случајно во евангелието се забележани многу убави и силни Исусови зборови за малите: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на малите“ (Матеј 11,25) или пак она: „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен“ (Матеј 18,10) – истакна Папата.

Децата, се богатство, како за човештвото така и за Црквата, бидејќи постојано нѐ потсетуваат на неопходниот услов за влез во царството Божјо, а тоа да не се сметаме самодоволни, туку на потребните да им се помогне, со љубов и простување – сите имаме потреба од помош, љубов и простување – сите! – нагласи Светиот Отец.

Децата нѐ потсетуваат на тоа дека и самите сме синови и ќерки, иако веќе пораснати или остарени. Нѐ потсетуваат на тоа дека животот не сме си го дале самите на себе, туку сме го примиле, а неретко се случува тоа да го заборавиме, како ние да сме господари на своето постоење, но во суштина сме потполно зависни. Првиот голем дар кој го примивме е самиот живиот – рече папата Фрањо. Понатаму Светиот Отец пистакна за фактот дека децата нѐ потсетуваат на тоа дека сме синови и ќерки, без разлика на возраста, состојбата или општествени услови и тоа исто така е причина за радост.

Децата сфаќаат на свој начин: гледаат со чист поглед и со доверба; спонтано се надеваат на таткото и мајката; на Бог, Исус и Богородица. Нивниот поглед уште не е извалкан со зло, дволичност или лицемерие, кое го стврднува срцето; она што го чувствуваат или гледаат, без завивање го кажуваат – рече Папата и продолжи.

Во својата едноставност способни се за примање и давање нежност, а тоа е кога имаме срце од месо, а не камено. Способни се за смеење и плачење. Некои кога ги прегрнувам, се смеат; други пак гледајќи ме во бело помислуваат дека сум лекар и дека ќе ги вакцинирам и започнуваат да плачат, но сето тоа е спонтано – рече Светиот Отец.

Многумина од нас повеќе не се способни за такво нешто. Неретко насмевката ни изгледа украсена, безживотна, вештачка и кловновска. Децата повторно можат да нѐ научат на насмевка и плачење. Да се прашаме: дали се смеам спонтано, свежо и со љубов или пак насмевката ми е вештачка. Дали ја изгубив спсобноста за плачење? На тие две работи можат да нѐ поучат децата и поради тоа Исус ги повикува своите ученици да бидат како деца, бидејќи кој е како нив, припаѓа на небото – рече Светиот Отец.

Папата потоа призна дека децата, освен живоста, радоста и надежта знаат да прават и проблеми, неволји и загрижени родители, но општеството е подобро и со такви проблеми, отколку тажно и сиво општество без деца. Кога нивото на наталитет во општестовот паѓа на 1 %, може да се каже дека таквото општество е тажно и сиво, бидејќи е без деца…

Папата, после поздравот упатен до разни поклонички групи, како и минатиот пат посебно ги поздрави болните, младите и нововенчаните лица: Утре е празникот на свети Јосиф, заштитник на целата Црква. Драги млади, земете од него пример за понизен и повлечен живот. Вие драги болни, носете го крстот во тишина и молитва, а вие кои сте скоро венчани, градете го свеото семејство на истата љубов која Јосиф го поврза со Девица Марија.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот