Од проповедта на Папата: Христијанинот без крстот не може да го разбере Христос како Откупител

Христијанинот без крстот не може да го разбере Христос како Откупител; без подготвеноста со Исус да го носи – рече папата Фрањо на светата Литургија на 26 септември во домот Света Марта. Да бидеш христијанин значи да бидеш „Киринеец“. Да имаш вера значи да бидеш „Киринеец“, во спротивно станува збор за „добар“ привид, но, не и за вистинската вера – истакна Светиот Отец размислувајќи на денешното Евангелие, во кое Христос ги прашува учениците што народот зборува за Него, Кој е Тој, и како одговор добива најразлични претпоставки.

Контекстот на овој извештај е Исусовото посебно внимание околу Својот идентитет. Повеќе пати ги запираше демоните да не откријат дека Он е Синот Божји, Кој дојде да го спаси светот. Тоа го прави затоа што народот исправно не го сфаќа Месијата, мислејќи за него како за политички водач кој ќе ги ослободи од Римјаните. Насамо, дванаестмината, Исус започнува да им „дава катехези за својот вистински идентитет“ – рече Папата, продолжувајќи:

„Синот Човечки, т.е. Месијата, Помазаникот треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен, и на третиот ден ќе воскресне.“ Тоа е патот на вашето ослободување. Тоа е патот на Месијата, на праведникот: маката, крстот. Тој им го објаснува Својот идентиет. Тие не сакат да го разберат и во известувањето на Матеј се гледа како Петар тоа го одбива: Не! Господи… Но, започнува развојот на тајната на неговиот идентитет: Да, Јас сум Синот Божји. Но мојот пат е ова: треба да одам по овој пат на страдање.“- објасни Папата.

Ова педагогија е подготовка на срцата на учениците и народот за сфаќање на овие Божји тајни. „Гревот е многу грд, но Божјата љубов е толку голема – продолжи Светиот Отец – што нас нè спасува на овој начин: со идентитетот на крстот. Христос не може да се разбере како Откупител без крстот! Можеме да мислиме дека бил голем пророк, правел добри работи, бил светец. Но, Христос Откупител без крстот не може да се разбере. Меѓутоа срцата на учениците и народот не биле подготвени за таквото разбирање. Не ги разбирале пророците, не разбирале дека Он самиот е Жртвеното Јагне. Дури на Цветници Христос дозволува мноштвото да го каже, „ниту повеќ ниту помалку“ Неговиот идентиет, со повикот „Благословен Кој доаѓа во името Господово“, бидејќи како што и Сам рече, „ако народот замолчеши, камењата ќе прозборат!“ Дури после смртта Исусовиот идентетет се покажува во полнина и „вистинското признание“ доаѓа од римскиот стотник – истакна папата Фрањо и додаде:

„Исус нè подготвува на исправно разбирање. Нè подготвува по Неговиот пат да чекориме носејќи ги нашите крстови кон отпкупувањето. Нè подготвува за да бидеме Киринејци и да му помогнеме во носењето на крстот. Нашиот живот без тоа не е христијански… со Него на истиот пат. Треба да го чуваме својот христијански идентитет и да не мислиме дека сме заслужиле да бидеме христијани. Не е заслуга, туку чиста милост.“ – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот