Папата: Да се молиме едни за други

Папата: Да се молиме едни за други

Треба да се молиме едни за други за духовните и телесните дела на милосрдието да станат сѐ повеќе наш начин на живот и постапување – порача папата Фрањо на Генералната аудиенција на 30 ноември 2016 година во салата Павле VI.

Денес го завршуваме циклусот катехези посветен на милосрдието, но треба да продолжиме да правиме дела на милосрдие. Треба да се молиме едни за други за духовните и телесните дела на милосрдието да станат се повеќе наш начин на живот и постапување – порача папата Фрањо на Генералната аудиенција на 30 ноември 2016 година во салата Павле VI. На присутните им говореше за две дела на милосрдието кои меѓусебно се поврзани: за живите и за мртвите на Бог Му се моли и погребувај ги мртвите.

Телесното дело на милосрдието „ погребувај ги мртвите“ наизглед може да ни изгледа како чудно барање – рече Светиот Отец – но во оние подрачја каде што бладее стравот на војната и бомбардирањето ова дело за жал е актуелно. Многумина ги ризикуваат своите животи за да ги погребаат достојно невините жртви од војната. Папата потсети на евангелискиот пример за Јосиф од Ариматеја, кој го погребува Исус во нов гроб, издлабен во карпа. Лично отишол кај Пилат и го побарал Телото Исусово: станува збор за храбар чин. За христијаните – рече Папата – погребот е чин на сомилост, но и на голема вера: го полагаме телото на своите драги во гроб со надеж во нивно воскресение (1Кор 15, 1-34).

Молитвата за покојните – смета папата Фрањо – пред сѐ е знак на признание за сведоштвото кое ни го оставиле и за доброто кое ни го искажале. Тоа е благодарност до Господ што ни ги дарувал и за нивната љубов и пријателство. Црквата се моли за покојните на посебен начин во текот на светата Литургија. Свештеникот моли: Сети се Господи на своите верни кои пред нас заминале обележани со знакот на верата и спијат со мирен сон. Дарувај им го Господ и на сите оние кои почиваат во Христос блаженството на светлината и мирот – рече светиот Отец и продолжи:

Спомен едноставен, ефикасен, полн со значање затоа што нашите драги ги доверува на Божјото милосрдие. Да се молиме со христијанска надеж да бидат со Него во Рајот, во исчекувањето на повторната заедничка средба, во она таинство на љубовта кое не го разбираме и сите ќе останеме засекогаш со Исус, со Него – рече Папата.

Да се молиме како за верните мртви, така и за живите кои заедно со нас секојдневно ги поднесуваат искушенијата на животот – повика папата Фрањо. Сите – живи и покојни – сме дел од општеството на светиите во заедништво сме: ние сме едно во заедништво со оние кои примиле Крштение, кои се хранеле со Телото Христово и се дел од големото Божјо семејство. Сите сме исто семејство обединети. И заради тоа се молиме едни за други – рече Папата.

Потоа Светиот Отец истакна различни начини на молитва за нашите ближни: мајките и татковците кои ги благословуваат своите деца наутро и навечер; молитва за болните; молчлив заговор понекогаш и со солзи во многу тешки ситуации; благодарност за луѓе, средби, настани, работи. А понекогаш не знаеме што и како да молиме, но тогаш самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки (Рим 8, 26) – рече папата Фрањо и на крајот порача: Да го отвориме своето срце на начин Светиот Дух да проникне желби кои се во длабочината (на нашето битие) да ги прочисти и да ги доведе до исполнување. Сепак, за себе и за другите секогаш да бараме да се врши волјата Божја како и во Оче наш затоа што Неговата волја сигурно е најголемото добро, доброто на Отецот Кој никогаш не нѐ остава.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот