Вториот Ватикански собор – семе кое и понатаму расте

Вториот Ватикански собор – семе кое и понатаму расте

Оваа година на 8 декември се навршуваат 55 години откако заврши Вториот ватикански собор. Голема милост, вистинско пророштво за животот на Црквата, нова Педесетница – така свети Иван Павле II и почесниот папа Бенедикт XVI зборуваа за последниот собор. Мало семе кое стана стебло, преку делувањето на Светиот Дух продолжува да дава плод.

Бенедикт XVI користел еден силен збор; имено зборува за „нова Педесетница“. Тој бил директен сведок на соборот учествувајќи како стручњак во придружба на кардиналот Фрингс, а подоцна како официјален соборски советник. Се надевавме дека сè ќе се обнови – рече на римските свештеници на 14 февруари 2013 година – дека навистина ќе се случи нова педесетница, ново време во Црквата.

Наведувајќи ги пак зборовите на светиот Иван Pавле II почесниот папа Бенедикт XVI на Генералната аудиенција на 10 октомври 2012 година ја присвои дефиницијата за Соборот како „голема милост која Црквата ја уживала во XX век. Со него ни е даден сигурен компас за ориентација на патот во векот кој започнува. Вистински иницијатор – додава почесниот папа – бил Светиот Дух. Па, нова Педестница; но не за да обликува нова Црква, туку за „ново време на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот