Папата: Да размислуваме за Детето Исус

На последната овогодишна аудиенција на плоштадот Свети Петар Светиот Отец во катехезата зборуваше за Детето Исус.

На последната овогодишна аудиенција на плоштадот Свети Петар Светиот Отец во катехезата зборуваше за Детето Исус. Во овие божиќни денови пред нас се става Детето Исус. Уверен сум дека бројни семејства во своите домови поставуваат јасли, одржувајќи ја така прекрасната традиција чиј зачетник е свети Фрањо Асишки, а кои во нашите срца живо го одржува таинството на Божјото овоплотување – рeчe Папата.

Многу е раширена побожноста за Детето Исус. Многу светци и светици во своите молитви ја негувале таа побожност, а преку примерот на животot на Детето Исус сакале да го обликуваат својот живот. Мислам посебно на Тереза од Лизије која како монахиња кармелиќанка го земала името Тереза од Детето Исус и светото Лице. Таа го живеела и сведочила „духовното детство“ кое се остварува медитирајќи за понизноста на Бог Кој заради нас се направи мал – рече Светиот Отец продолжувајќи спонтано да зборува. Ова е големо таинство. Бог е понизен! Ние не сме ништо затоа што сме горделиви, полни со суета и се сметаме за големи! Тој Кој е голем се понижува и станува дете. Тоа е вистинско таинство! Бог е понизен. Тоа е прекрасно.

Бог во божествено – човечката Христова личност некое време бил дете, а тоа за нашата вера треба да има посебно значање. Иако Неговата смрт на крстот и Неговото воскресение се најголем израз на неговата откупителска љубов сепак не треба да заборавиме дека неговиот цел земски живот бил објава и поука. Во божиќното време се сеќаваме на неговото детство. Ако сакаме да растеме во верата тогаш треба почесто да размислуваме за Детето Исус. Навистина од тој период не познаваме речиси ништо. Она што го знаеме се однесува на давање на имиња осум дена по раѓањето и на прикажувањето во храмот (Лк 2, 21-28); и на подароците од мудреците и на бегството во Египет (Мт 2, 1-23). После тоа ништо до неговата дванаесетта година кога Марија и Јосиф за Пасха одат на поколонение во Ерусалим, а наместо со родителите да се врати дома тој запира во Храмот за да разговара со книжниците – потсети Папата.

Знаеме малку за Детето Исус, но од Него можеме многу да научиме ако го гледаме животот на децата. Убав е обичајот родителите дедовците и бабите да гледаат што децата прават. Во прв ред откриваме дека децата го сакаат нашето внимание. Зошто сакат да бидат во центарот? Зошто се горди? Затоа што сакаат заштита. Треба и ние во центарот на својот живот да го ставиме Исусовиот живот и да бидеме одговорни за неговата заштита – рече Папата додавајќи:

Тој сака да го земеме во прегратка, сака да внимаваме на него да може да нè гледа во очи. Освен тоа затоа што меѓу нас треба да ја вселува својата љубов и радоста, а неговата насмевка е гаранција дека нè љуби. Децата сакаат да си играат. Играњето со децата подразбира прифаќање на нивната логика. Ако со нив сакаме да си играме, тогаш мораме да знаеме што им се допаѓа, а не да бидеме себични и да им наметнеме она што на нас ни се допаѓа – рече папата Фрањо додавајќи:

Ова е поука за нас. Пред Исус треба да ги негираме своите желби да бидеме независни, ако сакаме вистинска слобода, ако сакаме да го запознаеме и да Му служиме. Детето Исус е Син Божји Кој доаѓа да нè спаси. Дојде да ни го обајви лицето на Отецот богато со љубов и милосрдие. Во прегратка го земаме Детето Исус Нему му служиме: Тој е извор на љубов и ведрина. Кога ќе се вратите дома денес од јаслите земете ја статуата на Детето Исус: Исусе сакам да бидам понизен како и Ти, понизен како Бог и да Го молите за таа милост – заврши папата Фрањо.

На крајот на аудиенцијата папата Фрањо изрази солидарност и ги загарантира молитвите за сите кои од разни страни во светот се погодени од поплави. Во САД на подрачјето Мидвест односно Среден Запад владеат големи дождови: во Велика Британија се стравува од бурата наречена „Франк“, а Јужна Америка поминува „Ел Нино“.

Ве повикувам на молитва за жртвите на природните несреќи кои овие денови се случија во САД, Велика Британија и Јужна Америка посебно Парагвај, а во кои за жал има жртви, многу се евакуирани, а штетите се големи. Нека Господ на тие луѓе им даде утеха, а братската солидарност нека им помогне во нивните потреби – рече Папата.

Најмногу ражалостува бројот на загинатите во тие елементарни непогоди кои овие денови погодија повеќе краишта во светот. Во САД има тринаесетмина; во Парагвај во главниот град Асунцион четири луѓе загинаа, а 140.000 се евакуирани додека во целата земја има шест жртви, а десетици илјади луѓе морале да го напуштат својот дом.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот