Папата: Да останеш во Исус со искрена, а не дволична вера

Да останеш во Исус со искрена, а не дволична вера – е мислата која ја резимира пораката на Папата при посета на римската парохија Света Марија Царица на мирот во пределот Остиа попладнето во недела 3 мај  

Пред славењето на светата Литургија, Папата ја посети заедницата Мали Исусови сестри – монахињи кои се основани по примерот на животот и духовноста на Шарл де Фоку. После тоа се сретна со разни групи верници од парохијата.

На средбата со старите лица Папата истакна дека на општеството му е потребно нивното богато искуство, а страдањата кои ги доживуваат болните сè повеќе ги соединуваат со Христос. Старите луѓе се сеќавањето на народот и семејството, а болните наликуваат на Исус, бидејќи како Него страдаат и носат крст. „Вие во таа смисла сте привилигирани“ – рече Папата, изразувајќи благодарност што на подрачјето на спомнатата парохија постои грижа за старите и болните.

Одговарајќи после тоа на прашање на извидник Папата младите ги поттикна да ја живеат верата и да ја пренесуваат со вистинска радост која  што е Господов дар и која не доаѓа од надвор, туку од срцето. „Радоста не се купува во продавница; радоста не е нешто што може да се освои со игра во луна парк“ туку таа е „дар на Светиот Дух за кој треба да молиме“. Светиот Отец младите ги поттикна да немаат „тажни“ и „меланхолични лица“. Треба да имаат „радост на луѓе кои секогаш знаат да гледаат на позитивното во животот и тоа да го понудат на другите“, односно „радоста која Бог само може да ја даде“.

Во проповедта на Литургијата Папата се задржа на Исусовите зборови на Последната вечера „останете во Мене“ истакнувајќи дека суштината на христијанскиот живот е: да бидеш блиску соединет со Исус како прачката и лозата. „Секоја прачка која не е соединета со лозата умира, не дава плод. Да останеш во Исус значи да бидеш соединет со Него за од Него да примиме живот, љубов и Дух Свети. Вистина, сите ние сме грешници, но ако останеме во Исус како прачката и лозата тогаш Господ доаѓа и малку нè обрезува за да донесеме повеќе род“. Меѓутоа ако се одвоиме од Него и не останеме во Него тогаш сме „христијани само на име, но не и со живот“, односно „христијани сме, но мртви сме, бидејќи не раѓаме плодови“ – како прачка отргната од лозата.“

За да останеме во Господ – потсети папата Фрањо – од основна важност е молитвата и примањето на светите Тајни. Предупреди и на некои гревови кои нè одделуваат од Господ: Кога озборуваме, лажеме или мамиме не остануваме во Исус, бидејќи Исус тоа никогаш не го правел. Да останеш во Исус значи да постапуваш како Него. Она што Господ го сака е да останеме во Него и да не бидеме лицемерни – заврши Папата.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот