Папата даде интервју за француски неделник
Климатските промени, можност за постоење на живот на други планети, меѓународни кризи, сиромаштво и прогони на христијаните – се некои од темите на кои папа Фрањо зборуваше во интервју за францускиот неделник Paris Match.
На прашањето како да се спречи уништувањето на човекот, Папата одговори: Да се одречеш од идолопоклонството кон парите, враќајќи се во средината на човечкото битие, неговото достоинство, општото добро за идните генерации кои ќе живеат на Земјата после нас“. Во спротивно новите генерации ќе морат да живеат на „мноштво смет и отпад“.
Светиот Отец одговори и на лични прашања, признавајќи уште еднаш дека му недостига можноста да прошета по римските улици или да отиде на пица со пријателите. Исто така ја истакна поврзаноста меѓу искоренувањето на сиромаштвото и грижата за создаденото. Христијаните се – како што кажа – наклонети кон реализмот, а не кон катастрофалноста. Поради тоа не можеме да ги сокриеме доказите: сегашниот светски систем е неодржлив.
Затоа Папата изрази надеж дека на непосредниот самит за клима во Париз, конкретните одлуки ќе допринесат за општо добро. Нашиот заеднички дом е загаден и не престанува да се влошува. Поради тоа е потребно сите да се заложат, треба да се заштити човекот од самоуништувањето – истакна папа Фрањо.
Прашан за трагедијата која ги погодува христијанските заедници на Блискиот Исток, на кои им се заканува насилството од исламистичкиот фундаментализам, Светиот Отец одговори дека не може да се помириме со фактот дека тие заедници се присилени да го напуштаат својот дом и земја. Имаме човечка и христијанска должност да делуваме. Не може да се заборават причините на таа сосотојба, дека ние – како што рече – лицемерните моќници кои зборуваме за мир, а во сенка продаваме оружје.
За да се реши трагедијата на бегалците, треба да се залагаме за мир и конкретно да работиме на структуралните причини за сиромаштвото – рече папа Фрањо, додавајќи дека капитализмот и заработката не се зло ако не се претворат во идоли, туку остануваат средства. Меѓутоа општеството се заканува ако парите и профитот стануваат фетиши кои се обожавани или ако во основата на нашето општество е економија на алчноста.
Со оглед на престојната канонизација на родителите на света Тереза од Лизије, Светиот Отец рече дека тие биле „брачен пар евангелизатори кои ја сведочеа убавината на верата во Исус.“
Прашан дали мисли дека на други планети во универзумот има живот, папа Фрањо одговори дека искрено не знае, додавајќи дека досегашните научни знаења исклучуваат можност за други мисловни суштества во универзумот. Но – како што рече – ни додека Америка не ја откривме, не мислевме дека постои, а сепак постоела. Во секој случај, мислам дека треба да се држиме на она што ни кажуват научниците за тоа, меѓутоа свесни дека Создателот е бескрајно поголем од нашите знаења – заклучи Папата.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк