Папата: Грижата на звања бара страст и бесплатност

Папата: Грижата на звања бара страст и бесплатност

Мораме во христијанските заедници да внесеме нова „култура на звања“ знаејќи да говориме за убавината на заљубеноста во Бог – порача папата Фрањо на 5 јануари 2017 година до учесниците на конференцијата во организација на Канцеларијата за пасторал за звања на Италијанската епископска конференција.

Темата на конференцијата е „Стани, оди и не плаши се.“ Светиот Отец на учесниците им го даде подготвениот говор и спонтано им се обрати.

Во подготвениот говор Папата им порачува на учесниците: „Целосното и великодушното „да“ на даруваниот живот е слично со изворот на вода сокриен долго време во длабочината на земјата, чекајќи да продре како поток на чистота и свежина. Младите луѓе имаат потреба од свеж извор на вода за да ја задоволат својата жед и да продолжат по својот пат на барање.“

Задачата за навестување и следење на звањето бара „страст и чувство за бесплатност“ – рече Светиот Отец: страст за личен ангажман и грижа за повиканите; бесплатност во „служењето на Црквата која вклучува големо почитување“ кон оние кои се повикани да бидат „сопатници на патувањето.“

За да бидеме веродостојни и усогласени со младите – продолжи Папата – посебно е неопходно да се посветиме на слушање; треба да бидеме способни за „залудно потрошено време“ за да слушнеме и размениме прашања и да ги слушнеме желбите на младите. Осврнувајќи се на темата на конференцијата Светиот Отец истакна дека е важно да се биде уверен дека јас сум на мисија, а не само дека имам мисија. Да се биде постојано на мисија бара храброст, смелост, фантазија и желба да се оди понатаму.

На крајот од говорот упати апел: „Нека Светиот Дух нѐ турка за да препознаеме нови патишта за навестување на Евангелието на звања, да бидеме мажи и жени кои како стражари знаат да ги пречекаат новите зраци на зората со обновено искуство на верата и страст за Црквата и Царството Божјо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот