Папата го прими либанскиот премиер: Да се гарантира мир и стабилност во целиот регион

Папата го прими либанскиот премиер: Да се гарантира мир и стабилност во целиот регион

Папата Фрањо се сретна со Наџиб Микати, кој исто така беше примен и од кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер; изразена е загриженоста на Светиот Престол поради општествено-економската криза и институционалниот статус кво, а беше истакната и важноста од присуството на христијаните во таа земја и целиот Блиски Исток

Папата Фрањо на 16 март 2023 година го прими во аудиенција привремениот либански премиер Наџиб Микати – објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение во кое исто така беше истакнато дека шефот на либанската влада подоцна се сретнал со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Загриженост за состојбата на Либанците

За време на разговорот беше изразена загриженоста на Светиот Престол – како што се наведува во соопштението – поради тешката општествено-економска ситуација во која се наоѓа либанското население, а која е влошена од институционалниот статус кво состојба во таа земја, која очекува итен избор на нов претседател на републиката.

Важноста на мирниот соживот меѓу различните вери

Освен тоа, се истакнува и важноста од неизоставното присуство на христијаните во Либан и на целиот Блиски Исток, потребата од зајакнување на мирниот соживот меѓу Либанците од различни вери, со цел да се гарантира мирот и стабилноста во целиот регион, стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот