Папата го прими претседателот на Република Тринидад и Тобаго

Ватикан, 6.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во сабота 6 јули го прими на аудиенција во Ватикан претседателот на Република Тринидад и Тобаго, Ентони Томас Акуинас Кармонa. За време на разговорите, се вели во ссопштението од Ватикан, станало збор за „придонесот на Католичката црква за земјата, посебно во образованието, здравството и грижата за најсиромашните и најранливите”. Покрај тоа, беше изразена „меѓусебната желба за плодна соработка, како во поддршка на младите генерации, така и во борбата против криминалот и насилството”. На крајот, завршува соопштението, „се разгледани важни теми, како целосна формација на човековата личност и заштита на семејството”. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<