Папата го прими парохот на Газа

Папата Фрањо на 29 август го прими патер Хорхе Хернандез, аргентински мисионер од Дружбата на Овоплотеното Слово и парох во Газа. Веднаш после средбата со Папата патер Хорхе зборуваше за Радио Ватикан.

За нас е ова вистинска милост. Тоа не е прв пат, напротив во текот на војната папата Фрањо секогаш ни е близу. По пат на електронска пошта ни прати порака која веднаш ја преведовме на арпаски јазик и така допре до сите членови на христијанските заедници, рече патер Хорхе и истакна дека една таква мисла во тешките моменти е голема утеха и олеснување. Сега нѐ повика на лична средба за да ја почувствуваме неговата близина и да го слушнеме неговото охрабрување за да бидеме сол на земјата во Газа – додаде патер Хорхе.

Упатувајќи на крајот апел до својот народ во Газа, патер Хорхе рече дека пред сѐ сака се продлжи со изградбата на мирот и праведноста. Мирот е возможен, бара жртви, бара едни на други да си даваме сведоштво и да го признаеме другиот, мирот е возможен. Тоа е посебно важно за христијаните. Ние сме христијани, ние го наследуваме Кнезот на мирот, во земјата на Исус Христос. Поради тоа треба да бидеме силни и постојани во сведоштвото кое Исус го бара од нас, кое сака да го дадеме таму, во Израел и во Палестина – напомена патер Хорхе и изрази благодарност до сите луѓе од целиот свет, кој им се блиски, а посебно болните, кои своите страдање молејќи го прикажуваат за мир. Ние христијаните, во парохијата во Газа, често молиме за сите луѓе, кои молат за нас; тоа го правиме на Мисата, кога молиме Света Бројаница, на Евхаристиското обожавање. Затоа ја користам оваа можност да се заблагодарам на сите и Бог нека ве благослови – рече на крајот патер Хорхе Хернандез, парох во Газа.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот