Папата го прими основачот на заедницата за лица со инвалидитет „Арка“
Светиот Отец денес го прими во аудиенција Жан Ваниер, основач на заедницата „Арка“, која во светот има околу 130 подружници за прифаќање на лица со инвалидитет. На прашање на новинар на Радио Ватикан за настанокот на заедницата Арка, Жан Ваниер рече дека разговарајќи со еден капелан сфатил дека луѓето со инвалидитет најмногу се потиснати и отфрлени; а општеството и денес се срами и негативно ги сфаќа; ги нарекува хендикепирани, односно неспособни – рече Ваниер.
Во 1964 години открив еден завод во кој биле затворени 80 луѓе, напуштени од сите, а спиеле во голема спална со четириесет кревети на кат. Кога родителите не знаеле што да прават со инвалидни деца, тогаш ги испраќале во тој завод. Директорот не го интересирале децата, туку тоа како родителите да ги ублажат проблемите. Тие деца немале никакви права ниту човечко достоинство. Заедницата Арка настанала кога во тој завод запознав двајца паметни пациенти и ги повикав да дојдат да живеат со мене во една трошна куќа во Париз. Така започнавме тројцата заеднички живот, потоа дојдоа други да ми помогнат. Во суштина, со нив живеевме за да можеме за нив нешто да направиме – рече Жан Ваниер.
На прашање дали можел пред педесет години да замисли дека толку народ ќе го следи, рече дека историјата на заедницата е историја на чуда: Арка порасна затоа што „некој“ дојде на помош, а тоа стократно му се врати; откри дека човек со инвалидитет е Божји гласник. Луѓето треба да го доживеат тоа искуство: денес во светот заедницата има четири илјади луѓе со инвалидитет со исто толку помошници, а се вдахнува верата. Тоа не значи дека немаме проблеми и тешкотии. Секогаш ме чуди фактот дека луѓето со инвалидитет привлекуваат други луѓе и на нив делуваат воспитно. Сакам да кажам дека луѓето со инвалидитет ги обликуваат другите луѓе и ги прават почовечки – истакна Ваниер.
А на прашање што му даваат луѓето со инвалидитет на општеството, рече: Во заедницата велиме: „Менувајте го светот, но едно по едно срце.“ Вистина е дека запознавајќи ги и живеејќи со луѓе со инвалидитет подобро се запознаваме себе; спријателување со човек со инвалидитет збогатува и го менува човекот, се стекнува друго гледање на општеството: општество кое не е натпреварувачко и индивидуалистичко, туку настојува да создаде односи и заедници во кои е можен заеднички живот – кажа Ваниер додавајќи:
Исус сакал единство: да се создадат места во кои слободно се сретнуваат и запознаваат луѓето. Тоа е стварност. Духот на поделби создава поделби, а потоа се јавува страв од средба со различен човек. Уверен сум дека Исусовата голема порака: „Не плаши се!“ Не плаши се да се сретнеш со различен човек – заврши Жан Ваниер.
РВ/Д.И.