Папата го прими на аудиенција Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина

Во Апостолската палата на 15 декември Светиот Отец на аудиенцијата го прими Драган Човиќ, хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој потоа оствари средба и со кардиналПиетро Паролин, Папскиот државен секретар, како и со надбискупот Доминик Мамберти, секретар за односите со државите.

Срдечните разговори овозможија – како што е истакнато во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол – да се разгледа состојбата во Босна и Херцеговина како и за придонесот на католиците за градење на општеството, особено за обновувањето после поплавите што оваа пролет ја погоди Босна и Херцеговина.

Изразувајќи задоволство заради добрите билатерални односои, соговорниците разговараа на некои теми кои беа повразани со спроведувањето на Рамковниот договор од 2006 година, со кој се уредуваат односите и соработката помеѓу Црквата и државата. Освен тоа, беа разменети мислења за регионалната и меѓународната ситуација – стои во соопштението.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот