Папата го прими во аудиенција италијанскиот премиер
На 13 декември 2014 година Светиот Отец Фрањо го прими во аудеинција Матео Ренци, претседател на италијанската влада, кој потоа се сретна со кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар,како и со архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. Во пријатниот разговор, станало забор за сегашните рамки на економските и општествени проблеми, кои посебно неповолно се изразуваат врз врабтувањето на младите. Освен тоа нагласена е потребата од воспитување на младите заради нивната иднина.
Во разговорите станало збор и за разни прашања од меѓународен карактер, изразувајќи сериозна загриженост за влошената на ситуацијата на Блискиот Исток. Во поглед со италијанското претседавање со Европската Унија, потврдена е важноста на темата која неодамна Светиот Отец ја спомна по повод неодамнешното обраќање во Европскиот парламент во Стразбург, како основен за складен развој на европските народи. На крајот ја обновија преданоста за соработката во решавање на разни билатерални прашања.
РВ/го*ко