Папата го прими актерот Леонардо ди Каприо

Папата Фрањо во четврток 28 јануари 2016 година во аудиенција го прими познатиот актер Леонардо ди Каприо. Актерот на Папата му подари книга од холандскиот ренесансен сликар Хиеронимус Бош, а на крајот од средбата го бакна прстенот на Папата и на италијански се заблагодари што го прими.

Актерот ди Каприо е еколошки активист и побара средба со Светиот Отец поради неговите залагања за околината, која посебно е изразена во енцкиликата Лаудато си.

Претходно ди Каприо беше говорник на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, каде ги повика водечките стопанственици да направат повеќе во борбата против глобалното затоплување и најави дека фондацијата Леонардо ди Каприо ќе донира 15 милиони евра за еколошки проекти.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот