Папата: Треба да се простува, сè не се решава со правда

Папата: Треба да се простува, сè не се решава со правда

Ако вие не простувате, Бог нема да ви прости.

Прошката која можеме да ја дадеме на другите е најскапоценото што сме го примиле – рече папата Фрањо во катехезата во текот на Генералната аудиенција која ја одржа на плоштадот Свети Петар на 24 април 2019 година, силно повикувајќи да простуваме така како што Бог ни прости. Со тие зборови Папата продолжи со серијата катехези за молитвата „Оче наш“ осврнувајќи се посебно на изразот „како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“. Имено во Црквата нема „self made man – луѓе кои сами се создале“, бидејќи кон Бог сите сме должници и Исус во човечките односи ја вклучува силата на простувањето.

Во животот не се решава сè со правда – рече Светиот Отец и напомена: Посебно таму каде што мора да го запреме злото некој мора да љуби над она што му е должност за повторно да започне животот со благодат. Злото ја знае својата освета и ако не се прекине би можело да се прошири гушејќи го целиот свет. Според законот на одмаздата, она што вие сте го направила на нас ние ви го враќаме на вас. Понекогаш се возвраќа на таков начин кој сите добро го знаеме. Тој закон Исус го замени со законот на љубовта. Она што Бог го направи со нас, тоа ние го враќаме на вас!

Па, ако не се чувствуваме способни да простуваме треба да го молиме Господ за таа благодат – рече папата Фрањо и истакна: Бог на секој христијанин му дарува милост во животот на своите браќа посебно на оние кои направиле нешто лошо и погрешно да пишува историја на доброто. Со еден збор, со прегратка, насмевка можеме на другите да им го пренесеме она најскапоценото што сме го примиле. Која е таа скапоцена работа која сме ја примиле? Тоа е простувањето, бидеме способни на другите да им простиме.

Своето размислување Папата го продолжи врз основа на 18 глава од Евангелието според Марко во кое Исус му вели на Петар дека мора да прости седумдесет пати по седум. Кој моли учи да кажува благодарам; ние често забораваме да кажеме благодарам. Бог нè љуби бескрајно повеќе отолку што ние Него Го љубиме и колку ние да се трудиме секогаш ќе има нешто за кое ќе мора да бараме простување. Доволно е само да помислиме на деновите кои сме ги поминале во мрзеливост или на моментите во кои гневот го обеземало нашето срце.

Тие не се ретки искуства кои нè поттикнуваат да молиме: „Прости ни ги долговите наши„ – рече Светиот Отец и додаде, повикот можел да застане на тој прв дел но Исус го спојува со другиот израз со кој прави една единица. Да Го молиме Господ да ни ги прости долговите како што ние им ги простуваме на своите пријатели, луѓето кои живеат со нас, на своите ближни. Односот на вертикалната Божја добрина кон нас е повик за да го претвориме во нов однос со браќата.

Секој христијанин знае дека за него постои простување на гревот, дека Бог простува сè и секогаш – рече папата Фрањо и предупреди: Меѓутоа Божјата милост секогаш бара односно кој многу примил мора да научи да дава многу како што во Евангелието според Матеј се нагласува: Ако не им простите на другите, ниту Отецот ваш нема да ви ги прости вашите гревови. Луѓето често велат дека никогаш нема да простат на одреден човек. Но, ако не простите Бог нема ви прости на вас. Вие ја затворате вратата.

Папата во врска со тоа потсети на параболата за човекот кој бил должен 10 илјади таланти и на кој господарот му го простил долгот, додека тој не му простил на својот брат кој му бил должен 100 денарии и на крајот господарот го осудил. Потоа се присети на искуството на еден свештеник кој бил тажен затоа што една старица на смрттна постела при давањето на светата Тајна Елеопомазание на болните ја прашал се кае ли за сите свои гревови и таа одговорила ДА, меѓутоа на прашањето им простува ли на другите, одговорила НЕ.

Ако не простувате Бог нема да ви прости – рече Светиот Отец и поттикна, да размислиме дали простуваме, дали сме во состојба да простиме. Некој ќе каже: Оче не можам тоа да го направам затоа што тие луѓе ми направија многу зло. Ако не можете молете Го Господ да ви даде сила за тоа да го направите. Господи помогни ми да простам! Овде ја наоѓаме врската помеѓу љубовта кон Бог и таа кон ближниот. Љубовта бара љубов, прошката бара прошка.

На крајот од аудиенцијата еден четиригодишно дете кое оздравело од тежок тумор на Папата му предаде палка „Штафета на надежта, добротворен маратон посветен на италијанските деца и млади кои се болни од леукемија и ретки болести, а кои заврши со Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар. Делегацијата на тој маратон му предаде на Папата плик со пораки од децата од 8 до 13 години кои моментално примаат терапија и 25 годишно момче кое оздравело и плочка со натпис „Град на надежта“ што всушност е името на здружението кое го организираше тој настан. Папата исто така потпиша една маица која веќе ја потпишале атлетичари учесници на тој маратон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот