Папата го посети римскиот центар за рехабилитација

Папата го посети римскиот центар за рехабилитација

На 22 септември 2017 година, попладне Светиот Отец изненадно го посети римскиот центар за рехабилитација на пациенти со невролошки болести.

Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол стои дека станува збор за продолжение на иницијативата „Петок на милосрдието“, кој Папата во воведе за време на Годината на милосрдието, со тоа да поттикне на практични гестови на солидарност за оние во потреба.

„Фондацијата Света Луција“ се наоѓа во јужниот дел на Рим и е позната по квалитетната здравствена грижа, а се грижи за пациенти кои страдаат од последиците на Паркинсовата болест, мозочен удар, повреда на рбетниот мозок и мултиплекс склероза. Папата го пречекаа директорот и персоналот на центарот, како и пацинетите и нивните членови на семејствата. Светиот Отец разговараше и се смееше со децата, а со посебно внимание набљудуваше некои вежби кои им помагаат на децата повторно да им ја повратат подвижноста. Родителите кои ги придружуваат своите деца на терапиите кои често знаат да бидат предизвикувачки и болни, им упати неколку зборови на утеха.

Исто така го посети одделот во кој се сместени тетраплегици и параплегичари на возраст помеѓу 15 и 25 години, од кои некои настрадале во сообраќајни несреќи. Папата Фрањо освен тоа ја посети салата каде постарите пациенти можат да ги извршуваат своите рехабилитациски вежби.

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, стои дека Папата со својата посета сакаше да ги поттикне сите да ги извршуваат телесните вежби и да нагласи колку е важно научното истажување кое ќе овозможи голем напредок на подрачјето на рехабилитацијата. Пред да го напушти центарот, Папата неколку минути се молеше во капелата која се наоѓа на подрачјето на центарот, а потоа се упати кон домот Света Марта.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот