Папата Фрањо во Рига: Вие сте корени на народот

Папата Фрањо во Рига: Вие сте корени на народот

Многумина го имаат истрошено своето тело во потрага за слобода на својата татковина, за да бидат покасно препуштени на осаменост, прогонство, недостаток на средства, исклучени и во беда.

Во понеделник, 24 септември 2018 година папата Фрањо ја посети катедралата „Свети Јаков“ во Рига која е изградена во тринаесетиот век, а сега е дел од светското наследство на УНЕСКО. Многумина го имаат истрошено своето тело во потрага за слобода на својата татковина, за да бидат покасно препуштени на осаменост, прогонство, недостаток на средства, исклучени и во беда – истакна папата Фрањо после зборовите на добредојде од надбискупот на Рига, монсињор Жбигневс Станкевиеш и продолжи обраќајќи се на постарите кои ја доживеале Втората светска војна и после тоа владеењето на атеистичката идеологија.

Ви кои сте тука присутни, бевте подложени на разни видови искушенија – нагласи Светиот Отец и додаде: Ужасот на војната, а потоа поради верата во Христос на политички гонења и прогонства. Бевте упорни во верата. Многумина од вас храбро се спротивставувале на нацистичкиот и советскиот режим, никогаш не гасејќи ја верата во своето срце; а некои станаа свештеници, монаси, монахињи, катехисти, соработници на Црквата, ризикувајќи го својот живот.

Иако звучи парадоксално, денес во име на слободата, слободните луѓе ги принудуваат постарите на осаменост, прогонство, недостаток на средства, исклучени, па и во беда – рече Светиот Отец и предупреди: Ако е така, таканаречниот воз на слобода и напредок завршува со тоа што оние кои се бореле за права, кои беа почитувани и славени, на крајот остануваат заборавени во секојдневниот живот.

Во својот говор Папата ги охрабри сите, поттикнувајќи ги да не се препуштаат на очај и жалост, да не ја изгубат нежноста и надежта. Повикувајќи се на посланието од апостол Јаков побара трпеливо да поднесуваат и да се надеваат, одржувајќи го своето срце младо, а не тврдо и склеротично, без радост која ја донесува Божјата новост.

Вие кои поминавте низ различни времиња, сведоци сте на неволјите, но и сте дар на пророштво кој ги потсетува младите генерации дека Бог ја цени грижата и заштитата на нашите претходници, и дека тие повикуваат кога се занемарени. Не заборавајте дека сте корени на народот, корени на младите, кои мора да растат и да донесуваат плодови. Штитете ги тие корени и одржете ги живи – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот