Папата го посети во болница кардинал Бараган

Ватикан, 11.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во сабота 11 мај претпладнето ненадејно се појави во римската болница Пиј XI. По завршувањето на аудиенциите предвидени за претпладне, Светиот Отец го посети хоспитализираниот кардинал Хавиер Лозано Бараган, поранешен претседател на Папскиот совет за душогрижништво на здравствените работници. Папата ги поздрави и разговараше со вработените во болницата, а посебно силен впечаток му остави сведочењето на верата на мексиканскиот кардинал кој на 26 јануари наполни 80 години. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<