Папата го посветува својот понтификат на Богородица од Фатима
Лисабон, 15.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо неговиот понтификат ќе го посвети на Пресвета Богородица од Фатима. Ова го пренесе на португалските епископи патријархот од Лисабон, кардинал Хозе да Круз Поликарпо. На 13 мај, на 96 годишнина од укажувањата на Богородица во Фатима кардиналот Поликарпо ќе го изврши посветувањето по молба и во име на папата.
Секоја година во ова Маријанско светилиште, оддалечено 130 километри од Лисабон, го посетуваат повеќе од три милиони поклоници. Во 2010 година папата Бенедикт XVI го посети светилиштето во Фатима.
Категорија:
Ватикан