Папата го посвети светот на Безгршното срце на Марија

Бог нѐ изненадува, Бог бара од нас верност, Бог е нашата сила – на тие реалности папата Фрањо ја поставо проповедта која ја одржа во недела 13 октомври на светата Литургија која се служеше на плоштадот Свети Петар, пред кипот на Богородица од Фатимаа пред повеќе од 100.000 верници кои се собраа по повод „Денот на Марија“. Нека Марија ни помогне – рече Папата – без отпор да дозволиме Бог да нѐ изненади, да му бидеме верни секој ден, и да го славиме и да Му благодариме бидејќи Тој е нашата сила.

Марија, понизно и слабо создание како нас, е избрана за Божја Мајка, Мајка на својот Створител. Гледајќи ја Марија, папата Фрањо повика на размислување за овие три реалности: Бог нѐ изненадува, Бог од нас бара верност, Бог е наша сила. Бог нѐ изненадува – објасни Папата – како во случајот на Нааман, наредник во војската на арамскиот цар, и болен од лепра, кој одговарајќи на Божјото барање, се изми во реката Јордан. Тоа Божјо барање го збунило, но сепак влегол во реката и веднаш оздраве.

Ете, Бог нѐ изненадува; тоа се гледа токму во сиромаштвото, во слабостите, во понизноста, кога ни ја дарува својата љубов со која нѐ спасува, оздравува и дава сила. Единствено што бара од нас е да ги следиме Неговото Слово и да се надеваме на Него – напомена Светиот Отец.

 Такво е исто така и искуството на Дева Марија која пред навестувањето на ангелот не го сокрива своето чудење заради тоа што Бог за да постане човек ја избрал токму Неа, едноставна девојка од Назарет која не направила ништо посебно, туку едноставно се доверила на Господ. Бог секогаш нѐ изненадува, ја раскинува нашата шема, ги става во криза нашите планови и ни говори: довери се во Мене, не плаши се, дозволи ми да те изненадам, излези од себе си и следи ме! – истакна Светиот Отец, а потоа постави прашање кое го допира срцето на секој христијанин.

Му дозволувам ли на Бог да ме изненади, како што направила Марија, или се затворам во својата сигурност, во материјалната, интелектуалната, идеолошката сигурност, во сигурноста на своите планови? Му дозволувам ли навистина на Бог да влезе во мојот живот? Како Му одговарам? Бог нѐ изненадува со својата љубов – додаде Папата – но бара верност во следењето на Него, како во посланието на свети Павле, во кое апостолот се обраќа на ученикот Тимотеј говорејќи му секогаш да си спомнува на Исус Христос, и да истрае во верата. Колку пати сме се воодушевиле од некој потфат, од некоја обврска, но подоцна пред првиот проблем сме се откажале – забележа Папата. Тоа, за жал се случува и во важните одлуки, како оние за брак. Тешко е да бидеш истраен верен на донесената одлука и да преземаш обврски. Често е лесно да се каже „да“, но подоцно не успеваш да го повторуваш тоа „да“ секој ден. Не успеваме да бидеме верни – истакна Светиот Отец. Марија многу пати му рекла „да“ на Бог, во радосните моменти, како и во жалосни моменти. Тоа биле бројни „да“ кои својот врв го достигнаа „под крстот.“ Папата поради тоа постави уште едно важно прашање: Дали сум христијанин од време на време, или сум постојано христијанин?

Културата на привременост, култура на релативност влегува во живеењето на верата – додаде Светиот Отец и истакна – Бог од нас бара да му бидеме верни, секој ден, во секојдневните случувања, и додава дека иако понекогаш не сме Му верни, Тој е секогаш верен и по своето милосрдие не се изморува да ни пружи рака за повторно да нѐ подигне, да нѐ охрабри да го продолжиме патот, да Му се врати ме на Него и да му ги изнесеме своите слабости за да ни ја даде својата сила. Папата Фрањо со тоа го назначи вистинскиот пат. Тоа е конечниот пат: – рече – секогаш со Господ, и во своите слабости, и во со своите гревови. Никогаш не треба да одиме по патот на привременоста. Тој пат убива. Верата е конечна верност како она на Марија. Бог нѐ изненадува, бара од нас верност, и Бог е наша сила – истакна Светиот Отец.

Осврнувајќи се потоа на делот од Евангелието во кое десет лепрозни бараат од Исус да ги оздрави, папата Фрањо истакна дека после оздравувањето, само еден се враќа славејќи го Бог и благодарејќи Му. Марија, по Навестувањето, Му го упатила на Бог зборот „благодарам. Сѐ е Негов дар. Тој е наша сила – истакна Папата, а потоа повторно постави многу важно прашање.

Колку пати во семејството велиме „благодарам“? Тој е еден од клучните зборови во заедничкиот живот. „Смејам ли“, „прости“,„благодарам“; ако во семејството се користат тие три изрази, семејството напредува. Смејам ли, прости, благодарам – повтори Светиот Отец и повторно праша – Колку пати во семејство велиме „благодарам“? Колку пати велиме благодарам на некој кој ни помага, кој ни е близу, кој нѐ следи во животот? Често тоа го подразбираме, го сметаме за само по себе разбирливо. А тоа се случува и со Бог. Лесно е да отидеш до Господ за да му бараш нешто, но да одиш за да му заблагодариш… Ах, тоа не оди – забележа Светиот Отец.

После светата Литургија Папата Фрањо го прочита чинот на предавање, односно доверување на Богородица од Фатима, во кое меѓу останатото рече: Блажена Девице Маријо од Фатима, ја повторувам благодарноста за твојата мајчинска присутност, ги обединуваме своите гласови со гласовите на сите генерации кои те нарекуваат блажена во својот глас. Чувај го нашиот живот во своите раце – рече Светиот Отец. Поучи нѐ со својата љубов со посебна наклонетост кон малите и сиромасите, отфрлените и оние кои трпат, кон грешниците и изгубените во срцето. Сите стави нѐ под своја заштита и сѐ предај на својот љубен Син, нашиот Господ Исус – рече Светиот Отец.

Во пладневниот наговор Папата Фрањо ја спомна денешната беатификација на околу 500 маченици во Тарагон, во Шпанија, кои се убиени заради верата во текот на шпанската граѓанска војна, во 30-те години на минатиот век. Го славиме Господ заради тие негови храбри сведоци, и по нивниот заговор Го молиме да го ослободи светот од секакво насилство – рече Светиот Отец, а потоа им заблагодари на сите верници кои дојдоа во Рим од сите страни на светот за да учествуваат на „денот на Марија“.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот