Стаутот, кој во 1990 година го одобри свети Иван Павле II е обновен; воведена е служба надворешен ревизор со цел проверка на сметките според меѓународните стандарди. Посебо се истакнати католичките принципи врз основа на посланието на Институтот за религиски дела
Папата со еден криограф, односно своерачно напишан документ, кој е објавен на 10 август 2019 година, го обнови ‘ad experimentum’ на две години статутот на Институтот за религиски дела, кои ги одобри свети Иван Павле II во 1990 година. Веќе тогаш, како подобро би ја прилагодил на времето, даде нова структура на тааа институција, која е основана од Пиј XII во 1942 година. Самиот папа Пачели во 1944 година ги внесе и првите промени.
Посланието на Институтот за религиски дела
Целта на Институтот останува непроменета, а негова задача е да се чува и управува со движниот и недвижен имот кои физички или правни субјекти ги имаат доверено на институтот, а кои се наменети за верски или каритативни дела.
Надворешен ревизор
Меѓу главните новости кои се воведени е службата надворешен ревизор, кој може да биде физичко лице или некоја институција, за проверка на билансот според меѓународно признатите стандарди. Надворешнот ревизор го именува кардиналска комисија, на предлог на Врховниот ревизор.
Управна структура на Институтот за религиски дела
Од сега Институтот за религиски дела ќе има четири управни тела: Кардиналска комисија, во која се пет кардинали, именувани од Папата на пет години. Нивниот мандат може да се повтори само еднаш, додека порано можеше секогаш да се продолжува.
Врховниот надзор има седум члена (претходно имаше пет), кои на пет години ги именува Кардиналската комисија и нивниот мандат може да се обнови само еднаш.
Новиот статут предвидува именување на Прелат, кој на пет години го избира Кардиналската комисија. Во статутот детално се опишува неговата задача, а тоа е промовирање на етичката димензија на управителите и вработените, како нивната работа би била во согласност со католичките принципи и посланието на институтот, како и одржување на односи со вработените на институтот.
Четврто тело е Управата. Главниот директор може да биде именуван на одредено време, односно мандат од пет години, кој може само еднаш да се обнови, или нак на неодредено време. Во секој случај неговата служба престанува со навршување на 70 години.
Кардинал Абрил и Кастело: Незаобиколен е етичкиот дел
Не треба да се заборави – напиша во таа пригода кардинал Сантос Абрил и Кастело, претседател на Кардиналската комисија – дека институтот во последно време имаше период на средување и појаснување, што понекогаш бара жртвување. Сето тоа е направено со одлучна желба да се воспостави состојба која потполно оди во незаобиколниот етички правец, како што сака Светиот Отец. Во тој правец се направени големи чекори – додаде кардиналот. Тие чекори се однесуваат на финансиската транспарентност на Светиот Престол, која е призната и од Монејвал, Одоборот на стручни лица на Советот на Европа, задолжен за следење и спроведување на мерки со цел спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Вложување во корист на сиромашните земји
Институтот за религиски дела продолжува да вложува во помош за развој на најсиромашните земји, почитувајќи ги одлуките за остварување на одржлива иднина за идните генерации, а придонесе исто такаи за остварување на бројни добротворни и социјани активности.
Ватикан њуз/к.мк