Папата ги прими во аудиенција епископите од Северна Африка

„Им благодарам на Црквата во Либија и на сите црковни заедници во Северна Африка за храброста и мирното присуство“, истакна папата Фрањо до епископите од Епископска конференција на земјите од Северна Африка), за време на нивната посета „ad Limina“ во Ватикан.

„Вие сте еден периферен дел“ од светот, вие сте лицето и срцето, со кои Бог доаѓа до луѓето од оваа периферија, нагласи во своето обраќање, папата Фрањо, наведувајќи дека „Северна Африка веќе со години е територија на борба за „поголема слобода на совеста“, за „достоинство“, но воедно тоа е и бојно поле за оние кои ги наметнуваат промените со оружје. Затоа една од првите позитивни оценки, Папата ја упатува кон Црквата во Либија, поради „храброста, лојалноста и постојаноста“ на свештенството, на богопосветените лица и лаиците, кои останаа во своите места“, и покрај многуте опасности“.

Папата Фрањо ја потврди потребата од меѓурелигиски дијалог, за да се гради таму каде што многу други уриваат. „Со истакнувањето на љубовта може да се отворат безброј патишта, за да го однесе здивот на Евангелието во различните култури и социјални контексти“. Папата истакна дека „најефикасен лек за против секоја форма на насилство е воспитување за откривање и прифаќање на разликите како богатство и плодност“.

Друго непогрешливо оружје на „Црквата на зближување и дијалог“ е конкретната љубов кон секој, „без разлики“. Папата се заблагодари на северноафриканските епископи, бидејќи „често со скромни средства вие ја изразувате љубовта на Христос и на Црквата кон сиромашните, болните, постарите, жените или затворениците“, вклучувајќи ги и „многуте африкански емигранти, кои во вашата земја гледаат место за транзит или конечна цел“.

Во заклучокот, Светиот Отец со задоволство забележува дека во изминатите години биле реставрирани многу христијански светилишта во Алжир. „Нешто што е прифатено од сите со отвореност и без прозелитизам“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот