По средбата со папата Фрањо, кралот и кралицата разговараа со надбискупот Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации. Меѓу темите на разговор беа и некои меѓународни прашања како што се ситуацијата во Африка, војната во Украина и ангажирањето за мир меѓу народите.
Папата Фрањо во четврток 14 септември 2023 година го прими во аудиенција белгиското кралско семејство, кралот Филип и неговата сопруга кралицата Матилда, кои потоа се сретнаа со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.
Африка, Украина и мирот
Во разговорот во Државниот секретаријат – како што информира Канцеларијата за печат на Светиот Престол – беше изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Белгија и истакнатата улога на христијанската вера и Католичката црква. Учесниците се осврнаа на прашања од заеднички интерес и некои меѓународни проблеми, со посебен осврт на Африка и војната во Украина, како и ангажирањето за мир меѓу народите.
Размена на подароци
На крајот од аудиенцијата кај Светиот Отец, следуваше вообичаената размена на подароци. Папата Фрањо на кралот и кралицата на Белгија им подари бронзен барелеф со детали од централната врата на базиликата Свети Петар; потоа некои Папски документи; овогодинешната Порака за Светскиот ден на мирот; книга за папскиот апартман за аудиенции, подготвена од Префектурата на Папскиот дом; книгата Statio Orbis од 27 март 2020 година, издадена од Издавачката куќа Ватикан (LEV). Подарокот на кралот Филип и кралицата Матилда наменет за Папата беше керамичко дело на белгиски уметник што го прикажува Добриот пастир.
Ватикан њуз/к.мк