Светиот Отец по завршувањето на молитвата Ангел Господов во недела 25 октомври 2020 година, објави дека на 28 ноември 2020 година ќе свика конзисториум на кој ќе назначи 13 нови кардинали.
Имињата на новите кардинали се:
Монс. Марио Грек – генерален секретар на Бискупската синода синод
Монс. Марчело Семераро – префект на Конграгацијата за прогласување на блажени и свети
Монс. Антоин Камбанда – надбискуп од Кигали (Руанда)
Монс. Вилтон Д. Грегори – надбискуп од Вашингтон
Монс. Хозе Ф. Адвинкула – надбискуп од Капиза (Филипини)
Монс. Селестино Аос Брако, ОФМ Кап. – надбискуп од Сантијаго де Чиле
Монс. Корнелиус Сим – титуларен епископ на Пузија ди Нумидија и Апостолски викар за Брунеи
Монс. Августо Паоло Лојудице – надбискуп на Сиена, Коле Вал д’Елса и Монталчина
Фра Мауро Гамбети, Конв. ОФМ. – кустос на светиот манастир Асиси
Заедно со нив, на кардиналскиот колегиум ќе се придружат и четворица црковни великодостојници постари од 80 години:
Монс. Фелипе Аризменди Ескивел – бискуп во мирување во Сан Кристобал де лас Касаса (Мексико)
Монс. Силвано М. Томаси – титуларен бискуп во Асола, Апостолски нунциј
Отец Раниеро Канталамеса, ОФМ Кап. – проповедник на Папскиот дом
Монс. Енрико Фероци – парох во Света Марија на Божествена Љубов во Кастел ди Леви
„Да се молиме за новите кардинали, така што потврдувајќи ми ја својата преданост кон Христос ќе ми помогнат во службата на римскиот епископ за доброто на целиот свет народ Божји – рече папата Фрањо.