Папата до ватиканските медиуми: Бидете функционални и креативни за да допрете до луѓето

Папата до ватиканските медиуми: Бидете функционални и креативни за да допрете до луѓето

Во понеделник 24 мај 2021 година, папата Фрањо го посети Палацо Пио, редакцијата на ватиканскиот дневен весник L’Osservatore Romano и Радио Ватикан – Ватикан њуз, каде што се сретна со вработените во Дикастеријата за комуникација, по повод јубилејот 160 години на дневениот весник и 90 години Радио Ватикан.

Папата Фрањо на сите им упати повик, директно на брановите на Радио Ватикан Италија, да се обидат да допрат до луѓето, она што се прави тука – како што рече – она што е убаво, големо и напорно, да стигне до луѓето. Затоа, секој ден треба да се прашувате: До колку луѓе стигнуваме? Затоа што – објасни тој – постои опасност од добра организација, убава работа, но која не стигнува таму каде што треба … Нешто како планина што раѓа глушец – рече папата Фрањо и предупреди: И внимавајте, треба да бидете функционална, креативна структура, во која секој има доволно слобода и способност да ризикува, а не секогаш да бара дозвола. Тоа парализира.

За време на едночасовната посета, папата Фрањо присуствуваше на средба со уредниците на ватиканскиот весник, се помоли во капелата „Благовештение“, се приклучи на радио пренос во живо и разговараше со раководителот на Дикастеријата, директорот на програмата, директорите на одделите и претставниците на радиото и новинарите од Ватикан њуз. Во капелата, Папата, заедно со дваесетина вработени, ја молеше молитвата за 55. Светски ден на социјалната комуникација на тема „Дојди и види“ (Иван 1,46). Комуницирајте, сретнувајќи ги луѓето какви што се и каде што се наоѓаат“, при што комуникаторите го молат Господ да ги научи да ја бараат вистината и да не негуваат предрасуди. Исто така молат Бог да им даде милост да препознаат каде Тој живее во светот, како и искреност да раскажат што виделе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот