Папата ги довери на Богородица сите семејства во светот
На Генералната аудиенција во среда 7 октомври 2015 година папата Фрањо потсети дека Црквата на тој ден го слави празникот Богородица на Светата Бројаница, на која ги довери семејствата од целиот свет, како и синодата за семејства. Пота ги поттикна сите верници да го наследуваат апостолот Иван. Како него примете ја Марија во својот дом и дајте ѝ простор во својот секојдневен живот, за да биде нејзината мајчинска помош извор на смиреност и сила – рече Светиот Отец.
Обраќајки им се потоа на младите, посебно тие кои се присутни на плоштадот Свети Петар, Папата им посака надежта која престојува во срцето на Марија во нив да разбуди храброст за важните одлуки во животот. На болните им посаката силата на Мајката под крстот да им помогне во нивните најтешки моменти, а на младенците мајчинската нежност на Таа која во својата утроба го прими Исус да ги придружува во нивниот нов живот, штотуку започнатиот семеен живот.
РВ/к.мк/го*ко