Папата: Во центар на воспитувањето мора да биде ангажирање за општеството, луѓето и околината
Папата Фрањо на 9 декември 2019 година во аудиенција ги прими претставниците на американската добротворна фондација „Шанса за живот“, која во 1945 година е основана за помош во воспитувањето и образованието на младите. Фонадацијата се вдахновува од упатставата на енцикликата Лаудато си. Папата истакна неколку елементи кои се основни за воспитување на новите генерации.
Осврнувајќи се на денешните предизвици и технолошки средства со кои располага денешното општество, Папата истакна неколку основни елементи за воспитување на новите генерации. Важно е новите генерации да се воспитуваат како активни граѓани кои учестуваат во општеството и во центар го ставаат човекот и истовремено грижата за околината – рече папата Фрањо и напомена: Во борбата за таа цел треба да се земе и технолошката иновативност и токму новите генерации, ако се добро мотивирани, ќе можат да ги остварат, затоа што се родени и растат во сегашниот технолошки контекст.
Во знак на вероста кон почетоците на харизмата, папата Фрањо освен тоа, рече дека ја цени желбата на фондацијата за обнова, така што ќе биде важна и делотворна во своето послание, вдахнувајќи се од упатствата кои се дадени во енцикликата Ладуато си, во знак на интегрална екологија, која како цел го има развојот на човештвото и создаденото.
Како последица на Втората светска војна, меѓу неволјите во Рим била и присутноста на 100.000 деца кои останале без семејства и сместувања. Таквата ситуација го поттикнала ирскиот свештеник Џон Патрик Крол Абинг, кој наместо дипломатска кариера, со благослов на папата Пиј XII, се посветил да се грижи за сирачињата. Најпрво организирал прифатилиште за децата од улица, а потоа заедно со дон Антонио Риволт, ја основа ‘Република на млади’ во местото Читавекија, односно во 1953 „Градот на млади Римјани“ и тоа се почетоците на оваа организација.
Вдахновен од независноста и одлучната природа на тие бројни малолетници, основачот во самоуправувањето ја видел суштината на живото на “Градот на млади“. Младите и децата ги нарекол граѓани, и тоа било првиот чекор кон воспитување за доверба, вештини и одговорност како би можеле да управуваат со својот град. После одредено време Градовите на млади се рашириле по цела Италија, а потоа се основале во Етиопија, Боливија, Колумбија, Гватемала и Перу. До денес таа организација има помогнато на повеќе од 30.000 млади, а во 2016 година го промени името во „Шанса за живот“ и на тој начин е испочитувана накната на основачот преземајќи улога на меѓународно ниво.
Ватикан њуз/к.мк