Одржан форум на азиските епископи за мир на Корејскиот полуостров

Одржан форум на азиските епископи за мир на Корејскиот полуостров

Азиските кардинали и епископи се состанаа во саботата на 1 септември во Јужна Кореја на третиот „Форум за мир на Корејскиот полуосторов“. Темата на овогодинешниот форум гласеше „Човековото достоинство и мирот – патот за Корејскиот полуостров.“

Кардинал Андреј Јеом Соо-јунг надбискуп на Сеул и апостолски администратор на Пјонгјанг по повод отворањето на форумот се присети на посетата на папата Фрањо на Јужна Кореја во 2014 година. Во таа прилика Папата рече дека христијанските заедници во Азија се мало стадо испратено да го шири Евангелието до крајот на светот.

Излагањата на азиските епископи

Во првиот дел на форумот, како што пренесува агенцијата „Фидес“, надбискуот на Мумбаи (Индија) кардиналот Освалд Грацијас истакна дека е потребно време за креирање на култура на мирот во светот и додаде дека заштитата и промовирањето на човековите права се клучни не само за индивидуалното, туку и за заедничкото добро.

Надбискупот на Манила (Филипини) кардиналот Луис Антониот Тагле рече пак дека мирот е длабок однос кој се нарушува со индивидуализамот, а се остварува во заедништвото со Бог. Според неговите зборови, односот со Бог е клучен за да биде во хармонија со самите себе, со ближните и со созданијата.

Во вториот дел од форумот надбискупот на Јангон (Мјанмар), кардиналот Чарлс Маунг Бо, напомена дека мирот не може да се воспостави таму каде не се почитува човековото достоинство. Притоа со присутните го сподели своето искуство од Мјанмар, предупредувајќи дека не смееме да молчиме за доброто на оние кои страдаат заради сиромаштво, конфликти и неправди, дека не смееме да молчиме пред трагедијата која ја доживуваат раселените, бегалците, жртвите на новите облици на ропство и оние кои плачат; уште повеќе треба да бидеме нивниот глас.

Надбискупот на Лахор (Пакистан) Себастијан Францис Шо изјави: „Родени сме во Пакистан и Бог има животен план за нас. Па треба да бидеме храбри и да не ја губиме надежта. Ние сме миротворци и исцелители на општеството.“ Притоа ја спомна и ангажираноста на Црквата во Пакистан во дијалогот со исламските верски власти.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот