Папата: Зборовите на папата Војтила секогаш се актуелни

Папата: Зборовите на папата Војтила секогаш се актуелни

Поздравувајќи ги ходочасниците од Полска на крајот од Генералната аудиенција на 17 октомври 2018 година, папата Фрањо ја спомна 40 годишнината од изборот на Карол Војтила, свети Иван Павле II за Петров наследник, која се наврши на 16 октомври 2018 година.

Ден после 40 годишнина од изборот на свети Иван Павле II на Петровиот престол, папата Фрањо поздравувајќи ги ходочасниците од Полска присутни на Генералната аудиенција, го спомна тој настан и напомена дека сѐ уште се актуелни зборовите кои папата Војтила кои ги изговори на денот на инаугурацијата на своето папство: Не плашете се! Отворете ја уште повеќе ширум, отворете ја врата на Христос – потсети папата Фрањо. Нека тие зборови и понатаму го вдахнуваат вашиот личен семеен и општествен живот; нека бидат охрабрување во верното наследување на Христос, во воочувањето на Неговото присуство во светот и во другиот човек, посебно оној сиромашниот и оној на кој му е потребна помош. Имено човекот, како што научуваше Папата од полскиот роде е патот на Црквата – рече папата Фрањо,

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот