Кардинал Сандри се молеше за Ерменија и за жртвите од конфликтот во Нагорно Карабах

Кардинал Сандри се молеше за Ерменија и за жртвите од конфликтот во Нагорно Карабах

Префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви кардинал Леонардо Сандри во Рим на празникот свети Андреј 30 ноември ја предовдеше светата Литургија на која се молеше за Ерменија и за сите жртви на конфликтот во Нагорно Карабах, објави Агенцијата СИР.

На Литургијата чии делови се молеа и на ерменски јазик служеа и претставници на патријарсите, големите надбискупи и генералот при Светиот Престол.

Кардиналот Сандри ја спомна и ситуацијата во Сирија, Ирак, Источна Украина, Светата Земја, Либанон и Еритреја. „Поттикнати од мисионерската ревност на апостол Андреј во мислите да ходочастиме во сите земји во светот од кои се издигнува крикот за ослободување од пандемската чума, посебно во оние кои веќе се во тешко искушение на сиромашво или војна“, истакна кардинал Сандри.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот