Папата Фрањо и околу стотина бездомници и бегалци во понеделник вечерта на 6 септември во ватиканската сала за аудиенција го гледаа документарниот филм „Франческо.“
Меѓу гледачите биле и две семејства од Авганистан неодамна евакуирани од Кабул, вкупно дваесет Авганистанци. Прикажувањето на филмот го организираше фондацијата Laudato Sì и режисерот Евгени Афиневски кој се обрати на публиката, меѓу останатото осврнувајќи се и на своето семејство кое исто така се мигранти – со потекло од Русија, кое побегнале во Израел и на крајот во САД.
Присутните ја претставуваа трагедијата на повеќе од триесет народи, многу од нив жртви на војни, природни катастрофи и прогонства истакнато е на прикажувањето на филмот. На крајот од прикажувањето папата Фрањо некои од бегалците лично ги прегрна.
На бегалците од Авганистан Папата им упати зборови на утеха и близина истакна директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни. Меѓу нив имало и четворица браќа од 20 до 14 години кои во Италија дошле со помош на Заедницата Свети Егидиј, а за нив ќе се грижи роднина кој веќе со години живее во странство. Но, многу млади бегалци од Авганистан во Рим се без родители кои останале зарабени во иранските бегалски логори. Бисмилах најстариот од браќата опиша за Радио Ватикан дека многу му значат зборовите на Папата и му даваат надеж во иднината.
На крајот од средбата бегалците на Папата во свечена атмосфера го испратија до автомобилот со кој се врати во домот Света Марта.
Ватикан њуз/к.мк