На Генералната аудиенција во среда 3 април 2019 година Папата истакна дека Великиот пост е скапоцено време за да ја откриеме важноста на верата во секојдневниот живот, како и правењето дела на милосрдието.
„Великиот пост, во кој се наоѓаме, нека нѐ поттикне да се зближиме со Бог. Ова е скапоцено време за повторно да ја откриеме важноста на верата во секојдневниот живот, во кој, преку вршење дела на милосрдието, во нас ја оживуваме љубовта на Отецот и нѐ прави да бидеме повеќе свесни за потребите на оние кои живеат во немаштија“, рече папата Фрањо поздравувајќи ги верниците на италијански јазик.
Ватикан њуз/к.мк