Ангел Господов: Бог дава надеж кога стравовите и грижите го одземаат еланот од животот

Ангел Господов: Бог дава надеж кога стравовите и грижите го одземаат еланот од животот

На нашите недостатоци Господ одговара со своето изобилство, им порача папата Фрањо на присутните на плоштадот Свети Петар во недела, 19 јануари 2025 година, во говорот пред молитвата Ангел Господов.

Осврнувајќи се на Евангелието за неделната Литургија (Иван 2, 1-11), кое зборува за првото чудо на Исус кога ја претвори водата во вино на свадбата во Кана Галилејска, Папата истакна дека овој извештај го навестува и сумира целото послание на Исус.

Појасни дека пророците објавиле дека на денот на доаѓањето на Месијата, Господ ќе подготви „празник со одлични вина“ (Исаија 25,6) и „горите ќе пуштаат гроздов сок, и од сите ридови ќе потече“ (Амос 9,13). Исус, значи, е Младоженецот кој дојде да донесе „добро вино“, нагласи Папата.

„Во ова Евангелие можеме да најдеме две работи: недостаток и преизобилство. Од една страна, снемува виното и Марија му вели на својот Син: „Немаат вино“. Од друга страна, Исус интервенира со тоа што наполни шест големи камени садови и, на крајот, има толку многу вино што е толку е убаво, па кога вкуси старосватот го пофали младоженецот што го чувал за крај. Затоа, нашиот знак е секогаш недостаток, но секогаш „Божјиот знак е преизобилство“, а преизобилството во Кана е знак за тоа“, истакна Папата.

Прашувајќи како Бог реагира на она што му недостасува на човекот, Папата истакна дека тој одговара со изобилство. „Господ не е скржав! Кога дава, дава многу. Не дава парче, дава многу. „На нашето немање Господ одговара со своето преизобилство“, рече Светиот Отец.

„На гозбата на нашиот живот – можеме да кажеме – понекогаш забележуваме дека нема вино: дека ни недостасува сила и многу други работи. Ова се случува кога грижите што нè измачуваат, стравовите што нè обземаат или разорните сили на злото го одземаат задоволството на животот, занесната радост и убавината на надежта. Но, да бидеме внимателни: пред недостаток, Господ дава, дава во изобилство. Ова изгледа контрадикторно: колку е поголем недостатокот, толку е поголемо изобилството Господово. Бидејќи Господ сака да слави со нас, сака да слави славење кое никогаш нема да заврши“, истакна Папата.

Затоа, да молиме од Дева Марија. таа, „Жената на новото вино“ нека посредува за нас и во оваа јубилејна година да ни помогне повторно да ја откриеме радоста на средбата со Исус, заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот