Папата: Блаженствата се патоказ во христијанскиот живот

Треба да се следат и да се живеат блаженствата затоа што како на морепловец на христијаните им го покажуваат правиот пат во животот – поттикна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија служена во домот Света Марта на 6 јуни 2016 година.

Христијаните ги имаат блаженствата како точен патоказ за да не се загубат на патот на верата. Ако не се почитуваат насоките на блаженствата може да се клизне по трите скали на идоли: егоизмот, идолопоклонство на парите, суета и самобендисаноста и така да се занемарат другите.

Патокази на христијанскиот живот

Осврнувајќи се на делот од Евангелието според Матеј кое зборува како Исус со познатиот говор на гората го поучува народот, Папата рече дека Исус го поучувал новиот закон кој не ги брише, туку ги усовршува работите, воздигнувајќи ги до нивната полнина. Овa е новиот закон, а ние гi нарекуваме блаженства. Тој е Божјиот закон за нас. Блаженствата се упатството на патот на христијанскиот живот. Токму на тој пат гледаме дека според показателите на тој водич можеме да одиме напред во својот живот – истакна папата Фрањо.

Три скали до проклетството

Папата текстот на Матеј го надополни со забелешката на евангелистот Лука кој на крајот од сличниот говор за блаженствата наведува „четири тешко“: тешко вам богати, тешко вам преситени, тешко вам кои се смеете сега и тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Папата потсети дека често зборувал дека богатството е добро, но дека е зло приврзаноста на тие добра затоа што станува идолопоклонство – објасни Папата додавајќи:

Таа е антизакон, погрешно упатство. Тие три скали водат во пропаст исто како што блаженствата се скалите кои водат напред во животот. А тие три скали кои водат до пропаст во животот се: приврзаноста на материјалните добра, зашто не ми треба ништо. Желбата сите да зборуваат добро за мене: сите зборуваат добро, се чувствувам важен … се чувствувам праведен, а не како овој или оној.

Да се сетиме на параболата за фарисејот и митарот: Ти благодарам што не сум како овој… Ти благодарам Боже затоа што сум добар католик, а не како мојот сосед. Секој ден се случува исто. Второто е суета, а третото гордост односно презаситеност затоа што го затвoра срцето – рече Папата.

Клучот? Благоста

Меѓу блаженствата Папата посебно истакнува едно – како што вели – не е клучот за разбирање на другите, но нè поттикнува на длабоко размислување, а тоа е благоста „блажени се чистите по срце.“ Исус пак вели за себе: Учете се од Мене зошто сум кроток и понизен по срце.“ Благоста нè приближува до Исус. Напротив спротивно однесување секогаш предизвикува непријателство и војни… многу лоши работи кои се случуваат. Но благоста на срцето не е лудост, не, туку длабочина во разбирањето на големината на Бог и почитувањето – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот